Досие локални избори: ПДП, ДПА, ДУИ, Беса, АА – победи и порази на партиите од албанскиот кампус

На првите локални избори 1996 та најголема и најсилна партија со победа во 20 општи беше ПДП. Во 2005 та прв изборен настап на ДУИ, партијата која во следните изборни циклуси ќе се етаблира како втора по големина, користејќи ја слабоста на Вмро-Дпмне и на СДСМ. На локалните избори во 2017 та нови политички играчи од албанскиот кампус. Порталб објавува „досие“ за изборните позиционирања на партиите на етничките Албанци.

ПДП доминантна во два избори циклуси, приматот го презема ДУИ, „сметките“ ги поматува БЕСА и АА…

Локални избори 1996 – први избори во независна и суверена држава. По СДСМ и Вмро – Дпмне, трета парија со најмногу освоени градоначалнички места е тогашната ПДП кој понесува победа во 20 општини. Паријата за демократски просперитет веќе била етаблирана на политичката сцена, основана во 1990 година под водство на Абдулади Вејсели и оваа партија го носи предзнакот на „единствена“ од албанскиот блок која „трча“ и успева да освои значителен број на градоначалнички места на овие први локални избори спроведени во независна Македонија.

Четири години подоцна, Локални избори 2000 година. И на овој изборен циклус по СДСМ и Вмро Дпмне, ПДП како најголема партија на етничките Албанци, останува трета по ред според освоените изборни гласови. Освојува 23 градоначалнички места, три повеќе во однос на претходниот изборен циклус со што ја подобрува политичката позиција иако на овие локални избори настапува од позиција на „опозиција“. Во период на спроведување на овие избори веќе е основана и ДПА, Демократска партија на Албанците која настанува со обединување на Партијата за демократски просперитет на Албанците (ПДПА) и Народната демократска партија (НДП), а нејзин прв водач беше Арбен Џафери.

Со скоро 380 потврдени кандидати за градоначалници во март Локални избори 2005 та година. На овој изборен циклус се случува значајна промена на политичката сцена со прв настап на ДУИ под водство на Али Ахмети. ПДП го губи приматот поради внатрепартиските превирања и фракционизам, а ДУИ првиот тест на локалните избори го положува со 14 освоени градоначалнички позиции со што ја потврдува позицијата на водечка партија на етничките Албанци. На овие локални избори втора партија од албанскиот кампус со освоени 2 општини е ДПА.

Локални избори 2009 та година. Мартовско – априлските избори на ДУИ ќе и донесат голема политика победа пред се поради големиот пораз што го претрпува СДСМ. Паријата на Ахмети според освоените општини е рангирана  како втор по големина политички играч на локално ниво, зад Вмро – Дпмне но пред СДСМ. На овие локални избори ДУИ понесува победа во 15 општини, една повеќе во однос на претходниот изборен циклус а зад неа е СДСМ со освоени само 7 градоначалнички места. На овие избори ДПА губи од „политиката сила“ сведувајќи се на само еден градоначалник во Тетово.

Во 80 општини плус Град Скопје во март и во април се спроведуваат петтите по ред Локални избори 2013 та година. И на овој изборен циклус партијата на Ахмети го задржува второто место според освоени градоначалници како резултат на фијаското на СДСМ која се сведува на само 4 градоначаници. ДУИ ја задржува победата во 14 општини, „освојувачки го“ и Тетово , додека ДПА понесува победа во две општини.

Локални избори 2017 та година. Овој изборен циклус носи промена на политичките сили на локално ниво. СДСМ прогласува победа во 57 општини, а Вмро Дпмне изборно фијаско со само 5 градоначалници. Ваквата промена на политичката сцена ја ослабува, но не ја загрозува позицијата на ДУИ како втор по големина политички играч. Врз изборниот резултат на ДУИ директно влијаат новите политички субјекти од албанскиот кампус кој кумулираат значаен корпус на гласовите од албанскиот електорат. ДУИ понесува победа во 10 општини со загуба на 4 во однос на претходните избори. На овој изборен циклус веќе има мозаик од партии на етничките Албанци кои ги измерија изборните сили – четврта партија со освоени 3 градоначалници е Алијанса на Албанците, петта партија и шеста партија со освоени по едно градоначалничко место се тогаш новоформираната БЕСА со и веќе етаблираната ДПА.

Локални избори 2021 година. На овој изборен циклус според бројот на освоена победа на прво и второ место избиваат Вмро – Дпмне и СДСМ со што ДУИ се рангира на трето место со 11 градоначалници, еден повеќе во однос на претходните избори. На политичкиот фронт на партиите од албанскиот блок по два градоначалници се делегирани од Алијанса на Албанците и од БЕСА, а еден градоначалник добива ДПА. Од позначајните општини, односно градови АА ги „држи“ Гостивар и Врапчиште, ДУИ доминира во Дебар, Кичево, Арачиново, Сарај, Струга, Чаир, додека БЕСА го „освојува“ Тетово.

Локални избори 2025 година – се сметаат за еден од најзначајните изборни циклуси за партиите од албанскиот блок. На изборниот мегдан ќе се соочат некогашните политички соборци и сојузници, доскорешни високи функционери на ДУИ, сега дел од коалицијата Вреди со актуелните од ДУИ и ова ќе бидат први локални избори на кои ДУИ со коалициските партнери и Вреди ќе ја измерат политичката моќ на општинско ниво.