Собир за оддавање почит на настраданите во пожарот во Кочани утре на плоштад „Македонија“

Тивок собир за оддавање заедничко сеќавање за сите изгубени животи во дискотеката „Пулс“ ќе се одржи во вторник (16 септември) на плоштадот „Македонија“ во Скопје, со почеток во 20:16 часот, информираат активистите од иницијативата Кој е следен? и младите од Студентско пленумско движење.

„Не беше несреќа. Не беше трагедија. Беше масакр. Свирепо убиство од страна на дисфункционалните институции и партискиот картел. Не смееме да се откажеме од борбата за вистината. Кога ќе се соочиме со неправда, да проговориме. Сите треба да истапиме и да бидеме одговорни, на свој начин. Вистинската борба за живот или смрт е токму борбата за Кочани!“, истакнуваат од иницијативите.

На 16 септември навршуваат шест месеци од пожарот во импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани, каде загинаа 62 претежно млади луѓе.