Свилановиќ: Младинската невработеност се намалува со сеопфатни политики

Генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка, Горан Свилановиќ вчера даде можност за Твитер интервју, во кое и Радио МОФ учествуваше со две прашања до Советот кој ја креира Стратегијата за Југоисточна Европа 2020, фокусирана на намалување на невработеноста во регионот и отварање на еден милиони нови работни места.

Свилановиќ: Младинската невработеност се намалува со сеопфатни политики

Преку Твитер Свилановиќ даде неколку совети за намалување на младинската невработеност во Македонија, како и јазот кој постои помеѓу потребите на пазарот на трудот и понудата на високообразовните кадри. Во продолжение погледнете ги твитовите на Свилановиќ.

Радио МОФ: Како да се намали големиот јаз помеѓу потребите на пазарот на трудот и високообразовните кадри?

– Потребна е координација помеѓу чинители на пазарот на трудот, да се предвидат потребите од вештини и подобрување на процесот на ускладување на кадрите преку подобри докази.

Радио МОФ: Македонија е прва во светот во младинската невработеност (53 од младите се невработени). Како да се надмине оваа ситуација?

– Сеопфатни политики, поддршка на приватниот сектор, создавање на работни места и претприемништвото, подобрување на вработливоста и обезбедување на работно искуство.