Радио МОФ бара родители и вработени во училишта за да му помогнеме на инклузивното образование да застане на цврсти нозе.
Како медиум долги години работиме на анализи од јавен интерес, а сега повторно сакаме да ги чуеме Вашите искуства, кои ќе бидат од голема важност за подобрување на инклузијата во основните школи, со цел да има еднакви можности и пристап до образование на сите деца, без разлика на нивната состојба / попреченост.
Овој Прашалник е наменет за родители на деца со атипичен развој и вработени во основни училишта кои имаат искуства откако е започнат новиот систем на образовна инклузија од учебната 2021/2022 година.
Со Вашите одговори, кои по желба ќе останат анонимни, сакаме да чуеме за состојбите во училиштата: како тие се развиваат во инклузивна смисла, колку децата добиваат поддршка од аспект на образовни асистенти, кадар и материјали, но и во кои области може да се подобрат работите?
Секој одговор, забелешка или предлог – од секого што е дел од инклузивниот мозаик – е многу важен за да се добие целата слика.
Вашите одговори се заштитени и шифрирани.
Вашите искуства и приказни ќе бидат искористени за да ни помогнат во тековно истражување на Радио МОФ.