„Еко-свест“ отвори повик за артисти, уметници и дигитални креатори

За потребите на своите проекти и кампањи во доменот на заштитата на водите, природата и животната средина, „Еко-свест“ објавува повик за сите заинтересирани уметници кои сакаат да соработуваат и да креираат содржини инспирирани од нивната работа.

Повикот е отворен за индивидуални и правни лица- здруженија од областа на културата и уметноста.

Како што објаснуваат, целта на активноста е да се оствари соработка со заинтересирани уметници за:
1.Развој и креирање на уметнички дела инспирирани од работата на „Еко-свест“ кои јасно ги комуницираат пораките на организацијата содржани во нејзината мисија и визија како и во конкретните тематски области во кои работи. Делата не се ограничени на било кој медиум и се остава слобода на уметниците сами да ги предложат. Во процесот на креирање се поттикнува користење на материјали кои се рециклираат или реупотребуваат;
2.Осмислување и продукција на конкретни комуникациски алатки (сликовници, стрипови, прирачници, боенки, анимации, видеа и сл) со содржина инспирирана од работата на Еко-свест, адаптирана на конкретни целни групи;
3.Поддршка на кампањите на Еко-свест преку креирање на содржини и реализирање активности кои инволвираат уметници, како организирање на настани за таа цел; и
4.Други горенеспоменати начини на ангажирање на уметниците, артистите и дигиталните креатори кои можат да ги зајакнат и рашират пораките на Еко-свест.

Избраните уметници ќе бидат ангажирани од Еко-свест за поддршка на конкретни кампањи и активности, при што ќе бидат дефинирани типот на активности согласно приложената понуда од кандидатите.

Од уметниците се очекува да спроведат една или повеќе од наведените активности:
-Креирање на уметнички содржини и дела
-Инволвирање на други уметници во процеси на креација и изработка на продукти
-Создавање на комуникациски производи
-Изложување на уметничките дела/содржини
-Промоција на креираните содржини преку постоечки платформи и настани
-Учество на настани на Еко-свест каде е тоа соодветно и во насока на исполнување на целите на ангажманот.

Периодот за спроведување на активностите изнесува најмалку 2 години од изборот на кандидатите.

При аплицирањето заинтересираните кандидати треба да достават:
1.Кратка биографија на уметникот/здружението и портфолио со претходно искуство
2Предлог концепт за комуникација на пораките на Еко-свест со опис на предложената порака/и, избран медиум, метод на работа/процес, предлог план за спроведување и динамика и сл.
3.Финансиска понуда со преглед на ставки и трошоци во бруто износ.
4.Пополнета изјава за физички лица (Анекс 3) и за правни лица (Анекс 2).

Доставените материјали остануваат во архивата на „Еко-свест“.

„Од избраниот понудувач- правно лице, освен горенаведените податоци, ќе се побара да достави дополнителна документација која вклучува тековна состојба/потврда за регистрирана дејност на добавувачот; потврда за солвентност/бонитет; завршна сметка за 2024 (за правни лица); потврда/информација од Централен Регистар за забрана за вршење дејност и регистар за казни на правни лица; уверение за платени даноци и придонеси; изјави за доверливост и непостоење на конфликт на интереси од страна на избраниот кандидат (физичко лице) или изјава дека ги исплонува критериуме за учество (правно лице); биографии (CV); листа на референци/портфолио и сл“, соопштуваат од „Еко-свест“.

Кандидатите кои аплицираат мора да ги исполнат следниве критериуми:

1.Фокус на темите поврзани со заштита на животната средина во својата работа
2.Претходни изложби, учество на фестивали и сл.

Евалуационата комисија го задржува правото да го извести само оние понудувачи чија понуда ќе биде избрана. Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
1.Претходно искуство во спроведување на слични активности (30 бодови)
2.Предложен концепт (40 бодови)
3.Понудена цена за активноста (30 бодови)

„Вкупно 100 бодови. Договор ќе биде склучен со оние кандидати кои освоиле најголем број бодови во сооднос квалитет на понуда и цена. На овој повик може да бидат избрани повеќе кандидати“, соопштува „Еко-свест“.

Пријавувањето е тековно.  Комплетната понуда, апликатите треба да ја испратат на е-маил: gjorgji@ekosvest.com.mk со назнака Апликација за уметници.

„Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и објавени на веб-страницата на Еко-свест под објавата за повикот.
Некомплетни понуди нема да бидат земени во предвид. ‘Еко-свест’ ќе ги контактира избраните кандидати, во рок од 14 дена од приемот на понудата“, стои во повикот.