Веднаш до училиштето „Невена Ѓ. Дуња“ во скопската општина Кисела Вода изминативе месеци функционира „Ништо ново“, иницијатива на „АРНО“ за поправки, размени, пренамени, дружење и учење едни од други.
Во Центарот досега се реализираа повеќе бесплатни работилници, исполнети со креативност, знаење и поправки. Учесниците учеа како да сошијат копче или закрпат панталони, да направат накит од стара облека, или како да го поправат својот точак и тротинет.
Сега, Центарот за поправки бара фидбек од граѓаните, за да може „Ништо ново“ да ја обликува програмата и содржините по мерка на заедницата.
„Замислете место каде ништо не се фрла, и сè добива нов живот. Токму тоа сакаме да го создадеме, со ваша помош!“, велат од „Ништо ново“, кои објавија и Прашалник-анкета за поправки и работилници.
Анкетата може да се отвори ТУКА.
Во продолжение може да погледнете фотографии од изминатите работилници:
Радио МОФ на неколку пати веќе пишуваше и објави видео за овој Центар. Наместо да се купуваат нови производи и да се трупа отпад, од АРНО велат: „ајде да поправаме“. Да учиме како да поправаме, следиме работилници, да разменуваме предмети, изјамуваме алат и да ги менуваме потрошувачките навики.
View this post on Instagram