[Видео] Како беше на втората вечер од „Расплет фестивал“

На Споменико на слободата во Кочани во саботата вечерта (2 август) се одржа и втората вечер од хуманитарниот музички фестивал „Расплет“.

На последнава вечер имаше настапи на ,,Mallard”, ,,Големата вода”, ,,chambre des ~ sourds”, ,,Луфтанза”, Donplaya, а фестивалот го затвори диџеј Gianni.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Радио МОФ (@radiomof)

„Расплет“ беше организиран од млади луѓе, меѓу кои и бендот „Корка“.

Тие веќе рекоа дека вниманието на јавноста сè повеќе и повеќе се губи и луѓето забораваат на трагедијата во Кочани. Оттука, порачааа дека не смеат да дозволат таквата ситуација да остане незабележана и донациите не треба да стивнат.

„Донациите стивнуваат. Ние сме овде да ве потсетеме дека донациите не смеат да запрат, бидејќи им се најпотребни на повредените кои чекаат за нив, од кои некои директно се вклучени во фестивалот за нивна повторна социјализација“, соопштија младите.

[Видео] „Расплет фестивал“: Кога тишината е гласна, ние треба да бидеме уште погласни

Бојан Шашевски