ЦУК: Пет активни пожари низ Македонија

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска, 20 јули, до 13 часот се евидентирани вкупно седум пожари на отворен простор, меѓу кои пет се активни, еден е под контрола и еден е изгаснат.

„Активни пожари се кај  Општина Желино – с. Желино према Еребино, планина Жеден (нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација); Општина Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација); Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и ниска вегетација); Општина Македонски Брод (реактивиран) – помеѓу с. Црешнево, с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација); Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани (мешана шума и нискостеблеста вегетација)“, соопштува ЦУК.

Под контрола е пожарот во Општина Велес – кај селата Џидимирци, Крушје и Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума).

Воедно, изгаснат е кај Општина Македонски Брод – с. Слатина, м.в. Стојанова Населба (смрека, сува трева и друга ниска вегетација).