Во културниот центар „Јадро“ од 11 до 13 јули (петок-недела) ќе се одржи првиот дел на книжевниот фестивал „Друга приказна“. Фестивалот годинава одбележува десетгодишнина и првпат ќе се одвива во два дела, во јули и октомври.
Во јулскиот дел во три дена предвидени се десетина програмски содржини: промоции на неколку нови книги во едицијата „Магма“, три разговори во читачкиот клуб „Одрадек“ (првпат ќе бидат изведувани пред публика), два разговори во новиот разговорен формат „Помеѓу Двајца“ (цел еден свет) и промоција на вториот сет, „Фамилија“, на психолошката игра со карти „Добро прашање“.
Програмата ќе се одвива секој ден, од петок до недела, од 19 до 22 часот. Ќе учествуваат триесетина луѓе од нашата земја.
Преку ден граѓаните по намалени цени ќе можат да купуваат книги од книгоиздателството „Темплум“, кое го организира фестивалот Друга приказна.
ПРОГРАМА, ДРУГА ПРИКАЗНА #10, прв дел
Културен центар Јадро, 11‒13 јули
ПЕТОК, 11.07.
19.00. ПОМЕЃУ ДВАЈЦА (цел еден свет) ‒ Марко Трпески и Филипа Сара Попова
20.00. читачки клуб ОДРАДЕК ‒ ЛИЛЈАНА ДИРЈАН (Никола Гелевски, Роберт Алаѓозовски, Елизабета Шелева)
21.00. ДОБРО ПРАШАЊЕ, промоција на сетот Фамилија (Николина Андова Шопова, Симона Јованоска, Ива Михајловска, Стефан Алијевиќ)
САБОТА, 12.07.
19.00. читачки клуб ОДРАДЕК ‒ ВЛАДИМИР ШОПОВ (Никола Гелевски, Александра Хаџи-Наумова, Сашо Гигов Гиш и Дуке Бојаџиев); камишибаи претстава: Македонски календар
20.30. МАГМА ЕДИЦИЈА: Хулио Кортасар ‒ Прирачник за пеење и плачење; Џејмс Тејт ‒ Човекот со дрвена нога бега од затвор
21.00. Концерт на МОНИКЕР ГЛУФ ГАВРАНИЌ – Тргнала буха у вулкан врелих слаткиша
НЕДЕЛА, 13.07.
19.00. ИЗЛОЖБА НА ПЛАКАТИ – 10 ГОДИНИ ДРУГА ПРИКАЗНА
19.30. ПОМЕЃУ ДВАЈЦА (цел еден свет) ‒ Марија Џонс и Милан Дамјаноски (преведувачи)
20.30. читачки клуб ОДРАДЕК ‒ ЏЕК ЛОНДОН ‒ МАРТИН ИДН (Наташа Атанасова, Марија Џонс и Калина Малеска)
Извор: okno.mk