ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје согласно системот за мониторинг и мерење на дневната потрошувачка на вода констатира енормно зголемена потрошувачка на водата, особено во попладневните часови.
„Конкретно на ден 23.06.2025 година дневната потрошувачка на вода изнесуваше рекордни 356.000 м3, што би значело потрошувачка од 700l вода по глава на жител“, велат од скопски „Водовод“.
Воедно и апелираат до сите граѓани на градот Скопје на совесно и рационално користење и употреба на водата.
„Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени“, нагласуваат од таму.
Апелираат до граѓаните на град Скопје, доколку забележат див приклучок, истиот да го пријават на 02 3073 010, kontakt@vodovod-skopje.com.mk или www.vodovod-skopje.com.mk.
„Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје“, стои во соопштението.