Недела на италијански филм од 9 јуни во Кинотека

„Патување“ е темата на 25. издание на „Неделата на италијанскиот филм“ ќе се одржи од 9 до 14 јуни во Кинотела на Македонија.

„На овогодишното издание ќе бидат прикажани шест од најуспешните филмски остварувања на современата италијанска кинематографија. Филмовите, сите дистрибуирани помеѓу 2024 година и првите месеци на 2025 година, се учесници на престижни меѓународни фестивали и добитници на значајни награди и признанија од критичарите и јавноста“, велат од Кинотека.

Во однос на темата, посочуваат дека таа совршено ги обединува насловите во програмата – патувањето – во буквална смисла со значење на пат кон родната земја или далеку од неа, но исто така и визуелното, внатрешно, егзистенцијално, временско или емоционално патување.

Сите проекции ќе се одржат во Кинотека со почеток од 20 часот.

Во понеделник, 9 јуни ќе биде прикажан филмот „Партенопе“ на Паоло Сорентино, со што официјално ќе биде отворена Неделата на италијански филм.

Организиран од италијанската амбасада во Скопје, во соработка со Италијанскиот културен институт во Белград и Кинотеката, фестивалот е под покровителство на проектот ITALIAN SCREENS, промовиран од Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка (MAECI) и Генералниот директорат за кинематографија и аудиовизуелни уметности при Министерството за култура, со организациска поддршка од Cinecittà.