Женско издание на „Стихови на слободата“

Во среда (18 декември) во Цреша Бар ќе се одржи женско издание на „Стихови на слободата“. На настанот ќе учествуваат голем број поетеси и активистки за човекови права и слободи. со почеток во 20 часот.

Женско издание на Стихови на слободатаВо официјалниот дел ќе настапат со стихови Уранија Пировска, Дона Костуранова, Нора Шаќири, Албулена Карага, Билјана Гинова, Нита Чаволи, Ивет Ѓоргиева и Аги Чаволи. Настанот ќе биде забгатен со музички илустрации од Соња Ефтовска.

По офисијалниот дел за најавените учеснички, ќе следи „отворен“ микрофон за сите посетители.

„Стихови на слободата“ е дел од проект-иницијативата „Проговори!“ имплементиран од Цивил – Центар за слобода, а со финансиска поддршка од Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Женското издание на „Стихови на слободата“ ќе започне во 20 часот.