„Нема трагедија, има злосторство“, порачаа роднините на жртвите во Кочани

„Нема трагедија, има злосторство“, „Не беа жртви на пожар, беа жртви на системот“, „Затворени очи, отворени гробови“, со вакви транспаренти и со слики од младите жртви во Кочани вчера нивни роднини и пријатели беа дел од „Маршот на ангелите“ кој се одржа во Кочани, пренесува агенцијата Мета.мк.

Тие маршираа од „Паркот на револуцијата“ до судот и Обвинителството во Кочани, а побараа неселективна правда и подобри услови за лекување на повредените лица.

Со овој марш беа одбележани два месеци од катастрофата во дискотеката „Пулс“, која однесе 62 животи.

Пред извесно време, во Скопје пред зградата на Обвинителството се одржа протест, кој заврши на средба кај министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кога пријатели и роднини на жртвите исто така побараа правда за случајот.

Фото: Мета.мк