Еден од најпрепознатливите предмети за разонода е „рубиковата коцка“, измислена во 1974 од унгарскиот скулптор и професор по архитектура Ерно Рубик. Генерации луѓе израснаа со оваа играчка, а во 30-те години во кои коцката се продава, повеќе од 350 милиони парчиња се продадени низ светот. Овој инфографик покажува како да ја наместите коцката во 20 потези, но дава и низа интересни податоци за оваа популарна играчка. Погледнете го и видеото во кое се гледа како експертот за рубиковата коцка Матс Валк го поставува светскиот рекорд во брзо решавање – 5.55 секунди.
![[Инфографик] Рубикова коцка (решена во 20 или помалку потези)](http://www.radiomof.mk/radiomof_backend/wp-content/uploads/2013/12/Rubiks_Cube_cropped.jpg)
![[Инфографик] Рубикова коцка (решена во 20 или помалку потези)](http://www.radiomof.mk/radiomof_backend/wp-content/uploads/2013/12/infografik-rubikova-kocka.jpg)