Волонтерска акција: Донирај книга – донирај храна

Група волонтери во граѓански организации, по повод Меѓународниот ден на волонтерството организираат хуманитарна активност  под мотото „ Донирај книга – донирај храна“. Со цел да го промовираат активизмот на младите во Македонија, трети декември од 10 до 16 часот е „ Отворен ден “ за сите кои што сакаат да донираат и да ја покажат својата  солидарност кон сограѓаните.

Волонтерска акција: Донирај книга - донирај хранаАкцијата ќе се одржи во просториите на „Младински образовен форум“, „Ромаверзитас“, „Излез“, „Биди зелен“, „Институт за човекови права“ и „Македонски центар за европско образование.“ За оние кои што нема да успеат да донираат на отворениот ден, на четврти декември ќе бидат отворени два штанда , едниот пред спомен куќата на Мајка Тереза ( ул. „ Македонија “ ), а вториот во студентскиот дом „ Пелагонија“ од 12 до 14 часот.

Акцијата има цел да обезбеди храна и книги  за оние на кои им се најпотребни. Притоа донациите освен што ќе се собираат во организациите каде што се ангажирани волонтерите, ќе се организира донирање и на јавни места, како и собирање на храна и книги преку донации од страна на маркетите кои би сакале да ја подржат акцијата.

Сета собрана храна ќе биде донирана во Банката за храна на Македонија, која ќе стапи во контакт со оние семејства на кои им е потребна помош, а книгите ќе бидат дадени во библиотека на О.У „ Јосип Броз – Тито “ – Валандов0.

„За таа цел, ви се обраќаме да ни помогнете со ваш придонес во храна и книги, со што ќе им се помогне на семејствата кои не можат да си дозволат основни ресурси. Бидејќи скршените суштества најдобро се претставуваат со ситни парченца“, повикаа волонтерите.

Волонтерите се пријавија на повик за волонтерски позиции во 8 граѓански организации од Скопје, во рамки на проектот на УСАИД за граѓанско општество, и за својата дополнителна активност оформија тим кој ќе направи волонтерска и хумана акција.