Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Точно 6.559 .mk домени (.mk, .com.mk, .net.mk, .inf.mk, .gov.mk, .edu.mk, .org.mk) биле регистрирани минатата година, покажуваат податоците кои Радио МОФ ги доби преку барање за информации од јавен карактер од Македонската академска истражувачка мрежа (МАРнет). Меѓу домените може да се најде буквално се’, од измамнички фишинг сајтови, преку трендовски домени со предзнак за вештачка интелигенција, па се до бројни домени кои се купени за потоа да бидат ставени на продажба.
Нашата проверка на 27 јануари, сепак, покажа дека од сите регистрирани домени, со активни веб-страници се околу 3.800, односно околу 58% од нив. Домен може да регистрира било кое физичко и правно лице преку еден од регистрарите кои спаѓаат под „капата“ на МАРнет.
Генерално регистранти на .mk домени се појавуваат од скоро сите населени места од државата, објаснува за Радио МОФ, в.д. директорот на МАРнет Александар Поповски. Статистиката покажува дека доминантни се компаниите наспроти физичките лица, а домените примарно се регистрираат за бизнис цели.
„Вообичаена практика, согласно времето во кое живееме, важноста на интернетот за бизнисот, како и општата видливост во јавноста, налагаат регистрирање на нов интернет домен скоро при секое отворање на нов бизнис. Интернет домен поседуваат и скоро сите непрофитни организации и здруженија на граѓани, државни институции и државни органи. Во денешно време, слободно може да се каже дека интернет домените се неминовен и неизоставен дел на секоја една организација, без разлика дали се работи за бизнс/профитна или непрофитна. Тоа е најлесниот, најбрзиот, најефикасниот и најисплатливиот начин за доближување до јавноста“, вели Поповски.
Имињата на македонските, а и на сите остани домени, во принцип, како што објаснува Поповски, се избираат во зависност од името на бизнисот, брендот или организацијата.
Вообичаена пракса е тие да соодветствуваат еден на друг, или да има некоја мала варијација во името на интернет доменот во однос на името на организазцијата, односно некаков соодветен префикс или суфикс.
„Логично, секој бизнис, бренд, организација посакува со самото име на доменот да упатува на неговиот бизнис, бренд, организација. Сепак, постојат и отстапки од овој принцип, а тоа вообичаено се кратки имиња на домени кои се состојат од два-три карактери, букви или броеви или нивна комбинација, кои поради одредени практични или субјективни причини се интересни за пазарот и крајните корисници“, вели Поповски.
Слични домени на институции и познати субјекти
Две веб-страници кои наликуваа на официјалната веб-страница на Управата за јавни приходи беа лансирани во февруари минатата година. Но, покрај сличноста со веб-страницата на УЈП, сличен беше и нивниот домен.
Официјалниот домен на институцијата е ujp.gov.mk, додека двете домените на двете веб-страници гласеа ujp-gov.mk и ujpgov.mk. Но, овие две страници беа лажни, односно фишинг страници, на кои од посетителите се бараше да ги вметнат своите лични податоци и податоци за платежните картички. Преку нив, најмалку четири лица беа измамени.
Запрашани за тоа дали постои некаква „црна листа“ или исклучоци за регистрирање на имиња на домени кои не можат да се регистрираат и како е возможно вакви домени со имиња на институции воопшто да бидат регистрирани, од МАРнет објаснуваат дека согласно стандардите во индустријата, не постојат механизми како црни листи, валидации и друго.
Ваквите проблеми, како што објаснува Поповски, најчесто се процесираат преку правниот систем на државата.
Македонската академска истражувачка мрежа соработува со други институции, како Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти, Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство и судовите и слично во процесот на борба со фишинг и други форми на онлајн измами на македонските домени, посочува Поповски.
„Сепак, на МАРнет не и е доделена активна улога согласно законите и подзаконските акти. За какви било трајни дејства врз домени – бришење, оневозможување регистрација, префрлање на сопственост итн., потребна е правосилна одлука од надлежниот орган“, вели Поповски.
Како што наведува тој, во однос на проверките на податоците со кои се регистрираат домените и нивните имиња, МАРнет ги има пренесено функциите, а со тоа и правата и обврските на регистрарите кои, како што додава, се должни да ги извршуваат сите проверки согласно Правилникот за вршење на операции со .mk и .мкд домени.
„Регистрарите имаат право привремено да го стопираат користењето на домен согласно добиените документи при неговата регистрација. За таа цел и за секој тип домен, предвидено е пополнување на образец пропишан од страна на МАРнет, како и соодветни пропратни документи, согласно типот на поддомен – edu.mk, gov.mk, org.mk, com.mk и .mk“, вели Поповски.
Но, покрај овие примери како доменот сличен на УЈП, лани биле регистрирани такви како акронимот на Македонската-радио телевизија, односно очигледно не се субјектите кои се претставуваат.
Во случај кога регистрантот со регистрирање го повредува правото на друго лице што остварило право име на домен – патент, жиг, авторско право и слично, тогаш регистрантот на спорниот домен ја сноси одговорноста за направената штета и тоа се процесира пред надлежен суд.
„Слично како и претходниот случај, на МАРнет како институција не му е доделена активна улога – ex-ante во овие процеси, согласно
законите и подзаконските акти“, вели Поповски.Нашата проверка покажа дека во 2023 година бил регистриран и доменот https.mk, што претставува еден од основните интернет термини. Но, ова не е спорно, бидејќи, како што вели Поповски, согласно меѓународните стандарди, како и македонскиот легален систем, ограничувањата за регистрација на домени не опфаќаат ограничување во содржина и поими.
Односно, ограничувањата туку се однесуваат на избор за технички ограничувања за алфанумерички и специјални знаци, што е и, како што додава в.д. директорот, пресликано во Правилникот на МАРНет за регистрација на домени во членовите 12, 13 и 14.
Трендовски домени
„Вештачка интелигенција“ беше збор на годината за 2023 година, според речникот „Колинс“. Објавувањето на револуционерните генеративни модели на вештачка интелигенција како ChatGPT и DALL-E2 станаа многу популарни во текот на изминатата година, со тоа што ја демонстрираа способноста на вештачката интелигенција за создавање текст, слики и многу повеќе. ChatGPT беше и најпребаруван термин на Википедија во изминатата година.
Ваквиот тренд го следеа и бројни домени поврзани со термините AI/VI (вештачка интелигенција), како и GPT (генеративен претходно обучен трансформатор – дел од самото име и на ChatGPT). Но, најголемиот дел од веб-страниците воопшто не се подесени, односно при нивното пристапување ве пречекува порака само дека доменот е хостиран, а до дел воопшто не може ниту да се пристапи.
Поповски од МАРнет објаснува дека логично е имињата на регистрираните интернет домени да ги следат трендовите особено во ИТ индустријата, така што, вели дека е очекувано во последно време да има пораст на регистрирани имиња на интернет домени кои во себе вклучуваат предзнак „AI“, „ВИ“ или „GPT“.
Слични трендови во зависност од времето и околностите имало и пред извесно време за време на пандемијата со коронавирусот, кога статистички бил забележан голем пораст на регистрирани генерички домени .online или .live, што јасно упатува на зголемените онлајн состаноци, конференции и дружби.
Кириличните домени споро се пробиваат
Пред 12 години, МАРнет започна со процесот на воведување кириличен национален домен. Првиот чекор бил прибирање предлози за формата на доменот, а во „игра“ биле домените .мкд, .мак., .рм, .македонија, .рмкд, .рмак. Сепак, убедливо било одлучено да се воведе доменот .мкд, две години подоцна, во 2014 година.
Преку достапните информации на Гугл, пронајдовме околу десетина веб-страници со ваков домен, меѓу кои и бигорски.мкд, аикидо.мкд, ооу-н-п-русински.мкд и мвр.мкд.
Од достапните регистрари, .мкд домен може да се регистрира на 13 од 18 сервиси.
Регистрацијата на кирилични домени во последната година е околу 5%, што, како што вели Поповски, се совпаѓа со светските трендови за non-unicode доменски имиња.
„Причината за ова, дел лежи во фактот што овозможувањето услуги на овие домени – мejл, медиа итн., освен за веб локации е
технички комплицирана“, вели Поповски.Во минатото, МАРнет како што се објаснува имале неколку планови и активности во насока на популаризација на криличниот .мкд домен.
Оттука, на сите основни и средни училишта во државата им се понудила можност бесплатно да го регистрираат името на интернет доменот на училиштето.
„Сепак, кога се работи за приватни бизнис и деловни организации, нивно исклучиво право е да изберат дали ќе регистрираат кириличен или латиничен интернет домен, или можеби и двете варијанти“, објаснува Поповски.
Минатата година се регистрирале и неколку владини домени
Минатата година според податоците од МАРнет биле регистрирани 6 домени со .gov.mk, односно владиниот македонски домен. Помеѓу нив се вбројува доменот ai.gov.mk, до чија веб-страница засега не може да се пристапи, односно не е подесена.
Потоа, регистриран е и доменот muzejterakota.gov.mk за локалниот археолошки и историски музеј во Виница. Овој домен всушност само пренасочува кон веб-сајтот на музејот кој е со префикс на платформата Wix.
Помеѓу регистрираните домени се наоѓаат и bp.gov.mk – веб-сајт за Бирото за процена, ada.gov.mk дигитален асистент во јавниот сектор, како и disl.gov.mk, веб-страница за Државниот инспекторат за шумарство и ловство. Во 2023 година регистриран е и доменот eximdiz.gov.mk, до кој не може да се пристапи.
Мартин Колоски
-
Hapësira e internetit në Maqedoni është pasuruar me rreth 6.500 domene .mk në vitin 2023
Vitin e kaluar janë regjistruar gjithsej 6.559 .mk domene (.mk, .com.mk, .net.mk, .inf.mk, .gov.mk, .edu.mk, .org.mk), tregojnë të dhënat që i siguroi Radio MOF përmes kërkesës për informata me karakter publik nga Rrjeti u Hulumtimeve Akademike të Maqedonisë (MARnet). Në mesin e domeneve mund të gjendet tekstualisht gjithçka, nga sajtet mashtruese phishing, përmes domeneve të trendit me shenjë të inteligjencës artificiale, e deri te domenet e shumtë të cilët janë blerë që më pas të vihen në shitje.
Megjithatë, verifikimi ynë i 27 janarit tregoi se, nga të gjithë domenet e regjistruara, aktive janë rreth 3.800, përkatësisht rreth 58% e tyre. Domen mund të regjistrojë cilido person fizik dhe juridik përmes njërit nga regjistrat që bien nën “ombrellën” e MARnet.
Përgjithësisht, regjistruesit e .mk domeneve paraqiten nga pothuajse të gjitha vendbanimet e shtetit, sqaron për Radio MOF, u.d. drejtor i MARnet Aleksandar Popovski. Statistika tregon se, kompanitë janë dominuese në krahasim me personat fizik, ndërsa domenet parimisht janë regjistruar për qëllime biznesi.
“Praktika e zakonshme, në përputhje me kohën në të cilën jetojmë, rëndësia e internetit për biznes, si dhe dukshmëria e përgjithshme në publik, kërkojnë regjistrimin e një domeni të ri të interneti pothuajse gjatë çdo hapje të një biznesi të ri. Domen të internetit posedojnë edhe pothuajse të gjitha organizatat jo fitimprurëse dhe shoqatat e qytetarëve, institucione shtetërore dhe organe shtetërore. Në kohën e stome, mund të thuhet lirisht se, domenet e internetit janë pjesë e pashmangshme dhe e domosdoshme e çdo organizate, pavarësisht nëse bëhet fjalë për organizatë biznesi apo jofitimprurëse. Ajo është mënyra më e lehtë, më e shpejtë dhe më ekonomike për afrimin drejt opinionit”, thotë Popovski.
Emrat e domeneve të Maqedonisë dhe gjithë të tjerë, në parim, siç sqaron Popovski, zgjidhen varësisht nga emri i biznesit, brendit apo organizatës.
Është praktikë e zakonshme që ato të korrespondojnë me njëri tjetrin, apo të ketë ndonjë variante të vogël në emrin e domenit të internetit në emrin e organizatës, përkatësisht ndonjë prefiks apo sufiks adekuat.
“Logjikisht, çdo biznes, brend, organizatë, dëshiron që me vet emrin e domenit të asocojë në biznesin e tij, brendin, organizatës. Megjithatë, ekzistojnë edhe lëshime nga ky parim, ndërsa ato zakonisht janë emra të shkurtër të emrave të domeneve që përbëhet nga dy-tre karaktere, shkronja apo numra apo kombinimi i tyre, i cili për shkak të praktikave të caktuara apo shkaqeve subjektive janë interesante për tregun dhe përdoruesit përfundimtarë”, thotë Popovski.
Domene të ngjashme të institucioneve dhe subjekte të njohura
Dy ueb faqe të cilat i ngjajnë ueb faqes zyrtare të Drejtorisë për të Ardhura Publike u hapën në shkurt të vitit të kaluar. por, edhe përkrah ngjashmërive me ueb – faqet e DAP, ishte i ngjashëm edhe domeni i tyre.
Domeni zyrtar i institucionit është ujp.gov.mk, derisa dy domenet e dy ueb faqeve ishin ujp-gov.mk dhe ujpgov.mk. Por, këto dy faqe ishin të rrejshme, përkatësisht faqe phishing, në të cilat, kërkohej nga vizituesit t’i vendosin të dhënat e tyre personale dhe të dhënat për kartelat pagesore. Përmes tyre, më së paku katër persona u mashtruan.
Të pyetur për atë nëse ekziston ndonjë “listë e zezë” apo përjashtim për regjistrimin e emrave të domeneve të cilët nuk mund të regjistrohen dhe si është e mundur që domenet e tillë me emra të institucione të mos regjistrohen fare, nga MARnet sqaruan se, sipas standardeve në industri, nuk ekzistojnë mekanizma si lista të zeza, vlefshmëri dhe të tjera.
Problemet e këtilla, siç sqaron Popovski, më së shpeshti procesohen përmes sistemit juridik të shtetit.
Rrjeti hulumtues akademik i Maqedonisë bashkëpunon me institucione të tjera, si Qendra nacionale për përgjigje të incidenteve të kompjuterit, Ministria e Punëve të Brendshme, Prokuroria Publike dhe gjykatat dhe ngjashëm, në procesin e luftës me phishin dhe forma të tjera të mashtrimeve online në domenet e Maqedonisë, theksoi Popovski.
“Megjithatë, MARnetit nuk i është ndarë një rol aktiv në përputhje me ligjet dhe aktet nënligjore. Për çfarëdo lloj veprime të përherhshme ndaj domeneve – fshirje, pamundësim të regjistrimit, transferim të pronësisë etj, nevojitet vendim fuqiplotë nga organi kompetent”, tha Popovski.
Siç thekson ai, në lidhje me verifikimin e të dhënave me të cilat janë regjistruar domenet dhe emrat e tyre, MARnet ia ka bartur funksionet, ndërsa me atë edhe të drejtat dhe obligimet regjistruesve të cilët, siç shton, janë të obliguar t’i kryejnë të gjitha kontrollet në përputhje me rregulloren për kryerje të operacioneve me domene .mk dhe .mkd.
“Regjistruesit kanë të drejtë që përkohësisht ta ndalojnë përdorimin e një domeni në përputhje me dokumentet e marra gjatë regjistrimit të tyre. Për këtë qëllim dhe për çdo lloj domeni, është e paraparë plotësimi i një formulari të përcaktuar nga ana e MARnet, si dhe dokumente përkatëse përcjellëse, në përputhje me llojin e nëndomenit – edu.mk, gov.mk, org.mk, com.mk dhe .mk, thotë Popovski.
Por, edhe përkrah këtyre shembujve si domeni i ngjashëm me DAP-in, vitin e kaluar janë regjistraur të tilla si aktonimi i Radio Televizionit të Maqedonisë, përkatësisht dukshëm nuk janë subjektet që paraqiten.
Në rast se i regjistruara me regjistrimin e shkel të drejtën e një personi tjetër që ka fituar një emër të drejtë – patentë, markë tregtare, të drejtë autoriale dhe ngjashëm, atëherë i regjistruari në domenin kontestues e bartë përgjegjësinë për dëmin dhe ajo procesohet para gjykatës kompetente.
“Ngjashëm si edhe rasti i kaluar, MARnet-it si institucion nuk i është dhënë rol aktiv – ex-ante në këto procese, në përputhje me ligjet dhe aktet nënligjore”, thotë Popovski.
Verifikimi ynë tregoi se, në vitin 2023 është regjistruar edhe domeni https.mk, që paraqet një nga termat bazë të internetit. Por, kjo nuk është kontestuese, sespe, siç thotë Popovski, në përputhje me standardet ndërkombëtare, si dhe sistemin ligjore të Maqedonisë, kufizimet për regjistrim të domenit nuk përfshijnë kufizime në përmbajtje dhe kushte.
Përkatësisht, kufizimet këtu kanë të bëjnë me zgjedhjen për kufizime teknike për shenja alfanumerike dhe speciale,që është gjishashtu, siç shton u.d. drejtor, e pasqyruar në rregulloren e MARnet-it për regjistrim të domeneve në nenet 12,13 dhe 14.
Domenet në trend
“Intelegjenca artificiale” ishte fjala e vitit për vitin 2023, sipas fjalorit “Kolins”. Publikimi i modeleve revolucionare gjeneruese të intelegjencës artificiale, si ChatGPT dhe DALL-E2 u bënë shumë të njohura gjatë vitit të kaluara, me atë që e demonstruan aftësinë e intelegjencës artificiale për krijimin e tekstit, fotografiver dhe shumë më shumë. ChatGPT ishte edhe termi më i kërkuar i Wikipedisë në vitin e kaluar.
Këtë trend e ndoqën edhe një numër i madh i domeneve të ndërlidhura me termat AI/VI (intelegjenca artificiale dhe të ChatGPT). Por, numri më i madh i ueb-faqeve nuk janë aspak të konfiguruara, përkatësisht kur hyni në ato ju pret një porosi vetëm se, domeni është i hostuar, ndërsa te një pjesë e tyre nuk mund as të hyni.
Popovski nga MARnet sqaron se, është logjike që emrat e domeneve të regjsitruara të internetit t’i ndjekin trendet, posaçërisht në industrinë e IT-së, kështu që thotë se, është e pritshme që kohën e fundit të ketë rritje të emrave të regjsitruara të domeneve të internetit të cilët në vete përfshijnë shenjën “AI”, “VI” apo “GPT”.
Trende të ngjashme varësisht prej kohës dhe rrethanave ka pasur edhe para një kohe të caktuar, gjatë kohës së pandemisë me korona virusin, kur në mënyrë statistike është vërejtur një rritje e madhe e domeneve të gjeneruara të regjistruar .online apo .live, që asocon qartë në rritjen e mbledhjeve, konferencave dhe shoqërimeve online.
Në domenet në kirilicë depërtohet më ngadalë
Para 12 viteve, MARnet filloi me procesin e vendosjes së domenit nacional në kirilicë. Hapi i parë ishte mbledhja e propozimeve për formën e domenit, ndërsa në “lojë” ishin domenet .мкд, .мак., .рм, .македонија, .рмкд, .рмак. Megjithatë, u vendosë me shumicë bindëse që të vendoset domeni .мкд, dy vite më vonë, në vitin 2014.
Përmes informatave qasëse në Google, kemi gjetur rreth dhjetëra ueb faqesh me këtë domen, në mesin e të cilave edhe бигорски.мкд, аикидо.мкд, ооу-н-п-русински.мкд dhe мвр.мкд.
Nga regjistruesit në dispozicion, domeni .мкд mund të regjistrohet në 13 nga 18 servise.
Regjistrimi i domenëve në kirilicë në vitin e fundit është rreth 5%, që siç thotë Popovski, përputhet me trendet botërore për emra të domeneve non-unicode.
“Arsyeja për këtë qëndron pjesërisht në faktin që mundësimi i shërbimeve në këto domene – mail, media etj., përpos për ueb lokacione është e komplikuar teknikisht”, thotë Popovski.
Në të kaluarën, MARnet siç sqarohet ka pasur disa plane dhe aktivitete në drejtim të popullarizimit të domenit kirilik .мкд.
Prandaj, në të gjitha shkollat fillore dhe të mesme në shtet, u është ofruar mundësi falas që të regjistrojnë emrin e internet domenit të shkollës.
“Megjithatë, kur bëhet fjalë për organizata private të biznesit dhe afariste, është e drejtë e tyre ekskluzive të zgjedhin nëse do të regjistrojnë domen të internetit në kirilicë apo latinicë, apo ndoshta edhe të dyja variantet”, sqaron Popovski.
Vitin e kaluar janë regjistruar edhe disa domene qeveritare
Vitin e kaluar sipas të dhënave nga MARnet janë regjistruar 6 domene me .gov.mk, përkatësisht domeni qeveritar maqedonas. Në mesin e tyre numërohet domeni ai.gov.mk, në ueb faqen e të cilit tani për tani nuk ka qasje, përkatësisht nuk është e konfiguruar.
Më pas, është e regjistruar edhe domeni muzejterakota.gov.mk për muzeun arkeologjik dhe historik në Vinicë. Ky domen në të vërtetë vetëm bën ridrejtim në ueb-faqen e muzeut e cila është me prefiks të platformës Wix.
Në mesin e domeneve të regjistruara, gjenden edhe ueb faqja bp.gov.mk për Byronë për vlerësim, ada.gov.mk asistent digjital për pylltari dhe gjueti. Në vitin 2923 është regjistruar edhe domeni eximdiz.gov.mk, i cili nuk është i qasshëm.
Martin Koloski