[Видео] Објавени три епизоди од „SamoKažem“, првата тинејџерска веб серија

[Видео] Објавени три епизоди од „SamoKažem“, првата тинејџерска веб серијаТри епизоди веќе се објавени од „SamoKažem“- првата веб серија на Балканот која почна да се емитува на 7 ноември, на официјалната страница на друштвената мрежа „Фејсбук“ и на каналот на сервисот „Јутјуб“.

Пред две седмици и членовите на Младинискиот образовен форум учествуваа во регионалниот смарт-моб „Будењe“ во соработка со Б92 Фондот и TunaFish продукцијата од Белград. Слични смарт мобови се случија и во Белград и Сараево, а со цел промоција на серијалот.

Нови епизоди ќе се емитуваат секој понеделник и четврток во 22 часот, а на каналот на „Јутјуб“ и на „Фејсбук“ ќе бидат емитувани вкупно 26 епизоди од по пет минути.

„Приказната е фокусирана на едно необично лето во животот на неколку девојки и момчиња. Тие доаѓаат од различни земји што се граничат една со друга. Но жителите на тие држави неволно ги поминуваат границите. Зборуваат различни јазици, но одлично се разбираат. Делат исти соништа и стравови, но досега немале шанса за тоа да зборуваат. Се запознаваат сосема случајно и стануваат пријатели“, пишуваат српските медиуми.

Во продолжение, може да ги погледнете првите три епизоди од серијалот: