Обука за вклучување на младите во интер-етничкиот дијалог и соработка

Обика за вклучување на младите во интер-етничкиот дијалог и соработкаВо рамките на проектот „Вклучување на млади и младински организации во интер-етнички дијалог и соработка” ќе се одржи еднодневна тренинг обука во Скопје.

Обуката ќе се одржи во сабота (26 октомври) со почеток во 12 часот во просториите на НВО Профицио.

Целта на овие обуки е да придонесат кон зголемување на соработката меѓу младите од различна етничка припадност, подобрување на нивните знаења за етничките митови и стереотипи, едукација за заканите од национализмот, со крајна цел подобрени меѓуетнички односи.

Бројот на учесници е ограничен, а заинтересираните треба да се пријават на info@iprg.org.mk.

 

Проектот кој е дел од програмата CIVICA Mobliitas е имплементиран од Центарот за институционален развој и финансиски поддржан од Швајцараската агенција за развој.