„Тетово – еден град за сите“ – промоција на документарен филм и дебата

Во вторник, 15 октомври, во изложбениот салон „Лоја“ во Тетово, со почеток во 19 часот, ќе се одржи промоцијата на документарниот филм „ДО КОГА?“, во режија на Глигор Кондовски, придружена со дебата на темите опфатени во филмот.

На дебатата како панелисти ќе учествуваат Јулијана Пенева и Ваљон Садики.

„Тетово - еден град за сите“ - промоција на документарен филм и дебата
Настанот е дел од локалната кампања „Тетово – еден град за сите“, која сака да им го насочи вниманието на граѓаните од Тетово, од сите етнички заедници, кон заедничките проблеми:водоснабдувањето и квалитетот на водата, сообраќајниот метеж, нечистотијата, состојбата на улиците и сл.

Локаната кампања во Тетово е дел од проектот „Млади промотори на слободата на изразување“, поддржан од ЕУ преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР), а го реализираат Фондацијата НВО Инфоцентар и Младинскиот образовен форум, на национално ниво.

Координатори кои ја спроведуваат кампањата се членовите на Медиа/арт клубот при Младински образовен форум – Тетово: Тоде Секулоски, Магдалена Новеска, Игор Стаменковски.