[Фото] Околу 100 средношколци се запознаа со работата на Радио МОФ

Поделени во неколку групи, околу 100 средношколци од различни училишта од Македонија денеска го посетија и одблиску се запознаа со работата на Радио МОФ.

Средношколците во текот на „Медиумскиот ден“ заедно со соучениците дознаа како се „пече“ новинарскиот производ, како се прават вести, прилози, анализи, подкасти и разни мултимедијални содржини за млади, кои се белег на Радио МОФ.

Понатаму, младите слушнаа за тоа зошто е важно новинарите да бидат објективни и одговорни кон јавностa, но и како е да се работи по етичките и професионални принципи на Кодексот на новинарите.

Освен што имаа можност да чујат за историјатот на медиумот и ги видат просториите, некои од средношколците се испробаа и како водители во радиото.

Медиумскиот ден беше организирана од Институтот за комуникациски студии како дел од проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија – Користи факти“, а Радио МОФ веќе традиционално е домаќин на групи средношколци.