Торба за пазарување со принт на лавовска глава ја размрда кениската служба за диви животни

Жители на округот Мери, што се наоѓа на еден километар од Националниот парк Планина во Кенија, до службите за диви животно пријавиле дека во грмушките се крие лав, пишува весникот Индипендент.

Но, кога службениците се обиделе да ја намамат дивата мачка да излезе, таа не се поместила. Тогаш сфатиле дека станува збор за торбичка со испечатена слика од лав во која локален жител оставил неколку авокада со цел да ги спречи од сушење. Поради тоа, торбата делувала како навистина да е лавовска глава што ѕирка од грмушките.

Кениската служба за диви животни на својот твитер профил ја пофали јавноста за свеста за пријавување во случај да има потреба од нивна интервенција.