Конференција против говорот на омраза во гејмерскиот свет

Меѓународна конференција на која учествуваат гејмери, производители на видеоигри и претставници на академската заедница се одржува неделава во Будимпешта.

Конференција против говорот на омраза во гејмерскиот свет

Собирот е насловен „GameOver Hate“, а целта на организаторите е да придонесат за создавање поздрави и посреќни онлајн-заедници. Се очекува на конференцијата да бидат утврдени препораки со кои ќе биде сменета сегашната ситуација, која организаторите ја опишуваат како „токсична и опасна средина, каде сексизмот, расизмот и општата нетрпеливост можат да цветаат без контрола“.

Настанот вклучува разговори, дебати и гејмерски сесии фокусирани на тоа да им се помогне на учесниците да научат како да создадат и одржат поинклузивен онлајн гејмерски простор. Учесниците ќе се обидат да дознаат што ги поттикнува негативноста и говорот на омраза кај некои гејмери и како индустријата може ова да го спречи.

Конференцијата ја организираат Центарот за меѓукултурен дијалог и младинскиот оддел на Советот на Европа, како дел од поголема, долготрајна кампања против говорот на омраза.