TEDxSkopje 2.0: Акцент на граѓаните и нивната функционалност во градот

Денеска во просториите на Кино Карпош започна второто издание на TEDxSkopje 2.0. Пред полната сала посетителите имаа можност да ги слушнат говорниците со нивните гледишта на тема „Град 2.0“, со акцент ставен на граѓаните и нивната функционалност во градот.

TEDxSkopje 2.0: Акцент на граѓаните и нивната функционалност во градот

Говорниците кои оваа година зборуваа за градот се : Митко Хаџи Пуља – професор по архитектура; Минас Бакалчев – професор по архитектура; Јан Зилстра – одржливи градини на англиски јазик презентација; Елена Ставревска – презентација на тема редефинирање на граѓанинот; Небојша Илијевски – Лице в Лице – за редефинирање на граѓанинот преку транзицијата на духот бивајќи изложен на социјалните промени и медиумската сфера; Марија Зафирова од ТЕАТРА – Театар насекаде – за пренесувањето на театарот во градот; Александра Шекутовска во делот Обмислување на градот; Зоран Дранговски – за азилантите во градот и проблемите со кои се соочуваат од кои земји доаѓаат, колку ги има и практиките од светот; Шутка Рома Рап – презентација и мал перформанс.

Прв говорник беше Небојша Илиевски со својот говор наречен ,,Indorse Valter”. Тој се обиде да ги насочи слушателите да тргнат од себе за создавањето на промените, го објасни значењето на граѓанинот како медиум и како преку информираноста граѓаните да се заштитат од влијанието на мас медиумите.

Елена Ставревска, која се занимава конкретно со конфликтите на едно општество, зборуваше за индивидуалниот идентитет на човекот во јавниот простор. Од правен аспект, Зоран Драгановски го претстави проблемот на невидливите граѓани во светот и Македонија, проблем за кој преку Здружението на млади правници се труди да го реши во Македонија.

За прв пат денеска публиката имаше можност да го види видеото на градоначалникот на Богота преку TED New York.

По кратката пауза уметничка димензија на настанот дадоа архитектот Минас Бакалчиев и театарскиот продуцент Марија Зафирова. „Двојната слика“ на Минас претставуваше едукативен говор во однос на вистинското значење на архитектурата во нашите животи. Тој изјави дека младите се оние кои треба да се вклучат во созадавањето на секојдневните промени во Скопје. Марија Зафирова пак говореше за создавањето на нејзиниот независен театар, згаснувањето и повторното создавање на истиот преку вербата и љубовта кон уметноста.

„Ние го правиме просторот за споделување идеи, а не физичката локација. Сјајот во очите на публиката е најважен“, додаде Зафирова.

Од организацијата на TEDxSkopje, велат дека целта на овој настан е да креира, генерира и сподели идеи, „да пренесе “аха” знаење и да создаде заедница од индивидуалци што сакаат да се дружат, мотивираат и инспирираат“. Минатата конференција на TEDxSkopje се одржа во oктомври 2011.

Сара Миленковска