„Сите бои на мојата земја“ – Отворен ден на Цивил

Цивил- Центар за слобода,  во сабота (21 септември) во ТЦ Лептокарија организира Oтворен ден посветен на децата и младите, а во рамките на проектот „Сите бои на мојата земја“.

„Сите бои на мојата земја“ - Отворен ден на Цивил

За време на настанот ќе бидат прикажани фотографии и видео за проектот „Сите бои на мојата земја“, планирани се предавање за човековите права, како и за мирот и толеранцијата, а ќе се одржи и работилници за ликовно творештво каде што младите ќе можат да ги искажат своите размислувања на теми како човекови права, мир, оружје.

Точно на пладне, информираат од Цивил, ќе почне да се снима и документарни филм од страна на екипа од млади формирана на јулската Летна школа на Цивил за камера, филмска продукција и видео активизам.

Проектот „Сите бои на мојата земја“ има цел да ја зајакне свеста кај децата, младите, наставниот кадар, родителите и општата популација за човековите права и толеранцијата. Овој проект е можност да се започне со создавање амбиент во кој ќе се цени креативноста и духот на слободата, наспроти нетолеранцијата, омразата, насилството и дискриминацијата кои се карактеристика на денешницата во Македонија.

Покрај во Карпош, од Цивил откриваат дека се прават преговори и со останатите скопски општини за организирање Отворени денови  и во нивните средини.