Конкурс за поддршка на дефицитарни кадри во уметностите и заштитата на културното наследство

Министерството за култура распиша Конкурс за поддршка на стручно усовршување на дефицитарни кадри во уметностите и заштитата на културното наследство од областа на културата за 2022 година.

Министерството ќе обезбеди средства во еднократен износ од Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година за:

  • Прв циклус студии на високообразовни установи и академии во странство од областа на: балетската уметност, музичката уметност, визуелните уметности, драмската уметност, библиотекарството и документација иконзервација и реставрација на културно наследство.
  • Втор и трет циклус студии на високообразовни установи и академии во странство од областа на: визуелните уметности, музичката уметност, балетската уметност, драмската уметност, библиотекарството и документација иконзервација и реставрација на културно наследство.
  • Стручен престој кај професори и ментори, односно кратки престои на универзитети и академии во странство, испецијализации кај реномирани светски уметници – професори во странство од областа на: театарот, музиката, танцот, литературата, визуелните уметности, архитектурата и дизајнот.
  • Стручен престој, односно кратки престои на универзитети и академии во странство, и специјализации во реномирани научни, образовни и стручни установи од областа на заштитата, конзервацијата и реставрацијата на културно наследство (недвижно, движно и нематеријално) во странство.

Право на учество на Конкурсот имаат:

Физички лица државјани на Република Северна Македонија.

Лица кои се запишани на прв циклус студии на високообразовни установи и академии во странство од областа на: балетската уметност, музичката уметност, визуелните уметности, драмската уметност, библиотекарството и документација иконзервација и реставрација на културно наследство.

Лица кои се запишани на втор и трет циклус студии на високообразовни установи и академии во странство од областа на: визуелните уметности, музичката уметност, балетската уметност, драмската уметност, библиотекарството и документација иконзервација и реставрација на културно наследство.

Да не се постари од 27 години за прв циклус студии, односно од 30 годиниза втор циклус студии, односно од 35 години за трет циклус студии.

Да имаат препорака и писмо со поддршка од професор/ментор (за кандидати кои поднесуваат пријава застручен престој кај професори и ментори, односно за кратки престои на универзитети и академии во странство, и за специјализации кај светски уметници – професори во странство од областа на театарот, музиката, танцот, литературата, визуелните уметности, архитектурата и дизајнот).

Да имаат препорака и писмо со поддршка од професор или овластен конзерватор (за кандидати кои поднесуваат пријава застручен престој кај професори и ментори, односно за кратки престои на универзитети и академии во странство, и за специјализации во реномирани научни, образовни и стручни установи од областана заштитата, конзервацијата и реставрацијата на културното наследство во странство).

За подетални информации околу критериумите, мерилата врз чија основа ќе се врши оцена на пријавите и начинот на финансирање, ве молам отворете го следниот ЛИНК.

Рокот за пријавување истекува на 31 декември 2021 година.

За подетални прашања околу Конкурсот, достапен е одговорниот државен службеник за соодветната дејност од областа на културата, Бесим Мемиш, на тел. бр. 3240 595.