Повик за учество на Регионален форум за правата на малцинствата – рокот за пријавување е утре

На 12 и 13 октомври онлајн ќе се одржува Европскиот регионален форум за спречување конфликти и заштита на човековите права на малцинствата, организиран од Обединетите Нации.

Краен рок за пријавување е 6 октомври преку следниот ЛИНК.

Идејата е развивање меѓусебно разбирање за улогата на заштитата на човековите права на малцинствата во спречувањето конфликти. Покрај ова, да се идентификуваат основните причини за повеќето конфликти, негирање на човековите права на малцинствата и нивните аспирации, кои ретко се признаваат или се решаваат.

Исто така, да се зајакнат партнерствата меѓу различните засегнати страни и создавање капацитет за решавање на основните причини за современите конфликти и поефикасно спречување конфликти.

Европскиот регионален форум е отворен за учество на држави; меѓувладини организации вклучувајќи ги агенциите и механизмите на Обединетите нации; национални институции за човекови права и други релевантни национални тела; академици и експерти за малцински прашања; претставници на малцинствата како и граѓански организации специјализирани за малцински прашања.