[Фото] Адријана Поп Арсова и Дарио Ивановски се македонски рекордери на Виз Ер Скопскиот маратон

Над 6.000 рекреативци и атлетичари вчера трчаа на четирите трки во склоп на 17-то издание на Виз Ер Скопски маратон.

Адријана Поп Арсова од женска категорија и Дарио Ивановски од машката категорија беа најбрзи во маратонската трка, поставувајќи нови државни рекорди. Поп Арсова ја истрча трката за 2:40,36 часа, а Ивановски заврши за 2:21,27 часа.

Стартот и целта на овогодинешниот маратон беше од платото пред Спортски центар Борис Трајковски, а патеката по која трчаа учесниците остана иста како и минатите години.

„Прекрасна е глетката кога на улиците на главниот град ве обзема звукот на чекорите на маратонците. Посебно ни е драго што и оваа година успеавме да организираме спортски настан, почитувајќи ги сите мерки за заштита од Ковид-19, со што докажавме дека со добра дисциплина можеме да направиме се“, порача Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски маратон.

Во продолжение, погледнете дел од атмосферата низ фотографиите на Небојша Гелевски и „Macedonia best“: