По пет часа, пожарот што ја зафати океанската површина западно од полуостровот Јукатан во Мексико е изгаснат, соопшти државната нафтена компанија „Пемекс“. Оттаму наведуваат дека причина е истекување на гас од подводен цевковод.
Светлиот портокалов пламен што отскокнуваше од водата и што личеше на стопена лава беше наречен „огнено око“ на социјалните мрежи поради кружниот облик на пожарот, додека беснееше на кратко растојание од нафтената платформа на „Пемекс“.
🚨 Sobre el incendio registrado en aguas del Golfo de México, en la Sonda de Campeche, a unos metros de la plataforma Ku-Charly (dentro del Activo Integral de Producción Ku Maloob Zaap)
Tres barcos han apoyado para sofocar las llamas pic.twitter.com/thIOl8PLQo
— Manuel Lopez San Martin (@MLopezSanMartin) July 2, 2021
Од „Пемекс“ соопштија дека нема повредени од пожарот, а производството не било загрозено. Компанијата додаде дека ќе ги испита причините за инцидентот.
🚨 Incendio registrado en aguas del Golfo de México
A 400 metros de la plataforma Ku-Charly (dentro del Activo Integral de Producción Ku Maloob Zaap)
Una válvula de una línea submarina habría reventado y provocado el incendio
Esta fuera de control hace 8 horas pic.twitter.com/KceOTDU1kX
— Manuel Lopez San Martin (@MLopezSanMartin) July 2, 2021
„Пемекс“, која има историја со големи индустриски несреќи на своите капацитети, додаде дека ги затворила и вентилите на гасоводот со дијаметар од 30 центиметри.
Анхел Каризалес, раководител на мексиканскиот регулатор за безбедност на нафтата напиша на Твитер дека инцидентот „не создаде никакво излевање“. Но, тој не објасни што гори на површината на водата.
„Ку Малуб Заап“ е најголемиот производител на сурова нафта во „Пемекс“, сочинувајќи над 40% од скоро 1,7 милиони барели дневно производство.
„Турбомашината на активните производствени капацитети на Ку Малоб Заап беше погодена од електрична бура и обилни дождови“, се вели во извештајот на „Пемекс“, споделен од еден од изворите на Ројтерс.
Вработените во компанијата користеле азот за контрола на пожарот, се додава во извештајот.
Деталите од извештајот за инцидентот не беа споменати во краткото соопштение за медиумите на „Пемекс“ и компанијата не одговори веднаш на медиумските барања за коментар.