Штипски Килиманџаро – Акција на Штип Арт Активисти

Штип Арт Активистите денеска спроведоа акција во нивниот насловена како „Штипски Килиманџаро”.

Тие поставија инсталација на раскрсницата на улица „Сутјеска“ и булевар „Партизанска“ во Штип со дизајн на планини, планинари и објаснување. На истиот тротоар веќе три години стои отфрлена земја, а до неа има и лошо изведена шахта која претставува опасност по пешаците, појаснуваат активистите.

Оваа акција ја спроведовме како резултат на претходно направен разговор со жители во тој реон, но и граѓани кои секојдневно поминуваат од таму или ги носат децата на училиште и им претставува проблем при сигурноста во движењето веќе повеќе од три години.

Оваа акција има за цел да им укаже на локалните власти и јавните претпријатија да ги одржуваат тротоарите чисти и проодни особено за пешаците да можат безбедно да се движат, а со оглед на фактот дека оваа раскрсница е фреквентна и во близина на основно училиште и детска градинка.

Штип арт активизам најавуваат дека како група секогаш ќе го критикуваат несоодветното и невнимателно работење на јавните претпријатија и локални власти, но и ќе ги пофали добрите и правилни практики во работењето бидејќи треба да работат во најдобар интерес на граѓаните на Општина Штип.

Апелираат јавните претпријатија да излезат на терен и да го санираат постоечкиот проблем, да се отстрани отфрлената земја и да се санира шахтата. Тротоарот да се донесе во состојба предвидена со протокол и стандардите во сообраќајот. Исто така повикуваат граѓаните да пријавуваат вакви неправилности се со цел да допринесат за посигурен, почист и поубав Штип.

Поставените реквизити се од биоразградлив материјал и единствен начин да укажат за побезбеден и поубав Штип.