[Интервју] НаТочак низ Скопје: Луѓето мислат дека сме странци

Критичната маса и неформалната група НаТочак  станаа препознатливи по своите собири, секогаш во среда кога стотина велосипедисти се собираа за заедно да возат низ улиците на Скопје. Целта беше да се промовира возењето велосипед, но и да се алармираат надлежните за тоа со какви проблеми се соочуваат урбаните велосипедисти. Од Скопје, ваквата акција се прошири уште низ неколку македонски градови.

Во интервју со овие млади луѓе, порталот Еду Магазин, побара одговор на повеќе прашања за Критичната маса.

[Интервју] НаТочак низ Скопје: Луѓето мислат дека сме странци

Многумина не се запознаени со настанот -Критична Маса. Што всушност претставува ?

Критична маса се создава кога група велосипедисти ќе се соберат на едно место и заедно се возат по улиците од нивниот град. Критична маса нема раководство. Тоа е возење каде никој не е главен. Секој е одговорен за себе и за Масата.Првото возење „Критична маса“ (КМ) било во септември 1992 година во Сан Франциско и во него учествувале 48 велосипедисти. Возењата добивале се поголема масовност од приближно 75% во однос на секој претходен месец. Така на почетокот од 1993 имало 500 велосипедисти. Неколку месеци подоцна, луѓе од други градови започнале да организираат Критични маси. Името „Критична маса“ е земено од документарниот филм за велосипедизмот на Тед Вајт (Ted White) „Return of the Scorcher” (1992) – „Враќањето на велосипедот“ (Scorcher е сленг име за велосипед од 19 век). Во филмот, Џорџ Блис (George Bliss) опишува типична сцена во Кина, каде што велосипедисти не можат да поминат крстосници бидејќи има премногу автомобили, а нема семафори. Полека полека, се повеќе велосипедисти се собираат чекајќи да ја преминат крстосницата, и кога ќе има доволен број од нив, критична маса, како што Блис ја нарекува, благодарејќи на својата бројност тие можат да си го пробијат патот.

Денес критична маса се организира во над 300 градови во светот. Нема лидери, нема формална организација, само критична маса велосипедисти. Најмасовната КМ се одржала во Будимпешта, Унгарија во април 2013 година, кога учествувале околу 100.000 велосипедисти.

Кој ги измислува интересните слогани кои се различни на секое возење на Критична Маса?

Слоганите за секоја критична маса се во согласност со темата што се обработува на таа КМ, пример слоганот за КМ#15 – ”Да си кул на точак не е лесно, вози си свесно” произлезе од темата на КМ#15 (Совесно однесување на самите велосипедисти, во смисла користење сигнализација, почитување знаци, семафори, пешачки премини, користење светла и ѕвончиња и.т.н). Слоганите обично се смислуваат заеднички од членовите на неформалната група велосипедисти НаТочак, но понекогаш преку профилите на социјалните медиуми на НаТочак, се повикуваат и сите останати поддржувачи на КМ да учествуваат во креирање на слоганите.

Како се одбира патеката по која се вози?

Патеките се одредуваат имајќи предвид да бидат застапени сите делови на градот Скопје, со цел да се укаже дека во секој дел од градот постојат велосипедисти кои имаат потреба за основна велосипедска инфраструктура, преку која најбезбедно би патувале од точка А до точка Б. Понекогаш патеките се поврзани со темите кои ги обработува конкретната КМ, пример јануарската критична маса , деветта по ред, ја посветивме на скопскиот загаден воздух, особено забележлив во зима. Темата на ова возење беше „Избори се за воздух!“, при што патеката поминуваше главно покрај индустриските делови во градот.

Која ви била најдолга/најкратка и најинтерсна критична маса?

Главно должината на рутите на критична маса се слични, варираат од 10 до 12 километри, сметаме дека оваа должина на патеката е соодветна за сите учесници, бидејќи критична маса е посетена од различни возрасти, мали дечиња од 6-7 години, како и повозрасни учесници над 60 години. Исто така се внимава темпото на возење да е прилагодено на сите учесници, да е пријатно за возење за сите, независно на возраст, физичка подготвеност, состојба и тип на велосипед и.т.н.

Како најинтересна критична маса со сигурност може да се издвои роденденската критична маса, кога се одбележа 1 година постоење на НаТочак и одржување на настанот критична маса. Тоа беше најпосетената КМ, со околу 700 учесници, возењето заврши пред МКЦ каде имаше забава за учесниците со познати македонски бендови.

Возејќи, сигурно сте имале некоја интересна случка…

Имало неколку интересни случки. Многу често се случува со автомобилите со кои се разминуваме, да ни свират со свирките во ритмот на нашите вувузели. Еден чичко, точакољубец од Чаир, возеше со нас на критична маса до парк каде на крајот подари стотина клик-клак играчки, на учесниците, бидејќи бил инспириран од големиот број точаци на едно место, како и од позитивната иницијатива за заедничко возење. Луѓето со кои се разминуваме од време на време гласно коментираат дека сме биле од некоја партија, дека сме биле дел од некоја трка, дека сме биле странци, дури и ни се обраќаат англиски мислејќи дека сме странци…Во центар мало дете и’ вика на мајката дека сака да го вози на точак како некои деца што се со родителите на точаци на Критична маса. Детенце во парк во Кисела Вода мафтајќи го претрча цел парк за да не испрати подобро, друго детенце остана подзинато од толку многу точаци…

[Интервју] НаТочак низ Скопје: Луѓето мислат дека сме странци

Целосното интервју може да го прочитате на Еду Магазин