Студенти преку онлајн петиција бараат семејнолозите да се вметнат во Законот за социјална заштита

И после седум години постоење на Институтот за семејни студии при Филозофскиот факултет во Скопје, дипломираните семејнолози сè уште се соочуваат со проблеми да се вработат во јавните установи за социјална заштита за разлика од нивните нивните сродни професии, како што се психолзите, педагозите, дефектолозите, социјалните работници…

Проблемот, според нив, е што во Законот за социјална заштита, иако семејнолозите се предвидени како кадри во установите за социјална заштита во членот 194, тие сепак ги нема во членот 197 од Законот, каде што се предвидени категориите на работни места на вработените во јавните установи за социјална заштита.

Студентите и дипломираните семејнолози сега преку онлајн петиција бараат поддршка од јавноста во нивните барања да се променат членовите од законот, со кои профилот семејнолог би се вклучил меѓу останатите професии во поглед на вработувањето.

„На овој начин директно се прекршуваат правата на дипломираните студенти (семејнолози) на Институтот за семејни студии и дипломираните студенти (стручњаци по родова проблематика) на Институтот за родови студии при Филозофскиот факултет – Универзитет св. “Кирил и Методиј” да се вработуваат како стручни соработници во установите за социјална заштита во Република Северна Македонија“, реагираат иницијаторите на петицијата.

Според нив потребна е измена на Законот со која ќе се дополни членот 197 и да се додадат семејнолозите и стручњаците по родова проблематика во категориите „А стручни“, „ниво А4 самостоен стручен службеник во јавните установи“ и „ниво А5 стручен службеник во јавните установи“.

Нивната петиција за три дена откако е објавена онлајн е потпишана 754 пати. Петицијата можете да ја најдете на следниот ЛИНК.