Кој чита стрип? – повик за учество во интерактивна работилница  

Europe House Скопје и стрип книжарницата „Бункер“ на 20 април од 18 часот на платформата ZOOM организираат  куса работилница којашто има за цел да ги донесе поблиску супер хероите и антихерои кои живеат во светот на стрипот.

Преку овој настан, велат организаторите, учесниците ќе дознаат повеќе детали и анегдоти за стрип јунаците и начинот на кој тие се создаваат.

Работилницата се состои од два дела:

1.Теоретски осврт кон стрипот, историскиот развој и правци во стрип уметноста, поврзаноста на стрипот со филмската уметност, стрипот како инспирација за најпопуларните видео игри.
Предавач: Јован Битољану – ко-основач на стрип книжарницата „Бункер“.

2.Како се создава стрипот? Осврт на процесот на креирање на стрипот и илустрациите.
Предавач: Михајло Димитриевски „Тхе Мичо“- легенда на стрипот и илустрацијата не само кај нас, туку и во глобалната индустрија на друштвени игри и стрипови.

„Работилницата ќе биде интерактивна – сите учесници ќе можат да поставуваат прашања и да дадат свој придонес во дискусијата. Работилницата е бесплатна и отворена за сите заинтересирани кои сакаат да дознаат повеќе за стрипот како уметност и влијанието кое го има во поп културата“, велат организаторите.

Пријавување на следниот мејл: info@bunker.com.mk, најдоцна до 20 април до 12 часот.