Три дена протести и насилство во Шпанија поради притворањето на раперот Пабло Хасел

Демонстрантите ги горат барикадите во центарот на Барселона бидејќи правниот случајот на Пабло Хасел носи ризик за поделба на левичарската владеачка коалиција.

Шпанската полиција и демонстрантите се во судир три дена, откако власта наиде на критика поради притворањето на раперот Пабло Хасел кој објавил контроверзни твитови со критики кон поранешниот крал и полицијата.

Дузина лица се уапсени откако во вторникот, еруптираа бесни демонстрации поради апсењето на Пабло Хасел, 32, кој бил скриен во Универзитетот во Каталонија за да избегне затворска казна. Случајот на Хасел е исклучително спорна битка за слободата на говорот.

Насилството ја подели и левичарската партија „Подемос“. Најмалиот политички партнер во шпанската левичарска коалиција се спротивстави на затворањето на Хасел и јавно ги поддржа протестите.

Од полицијата велат дека притворени се шест протестирачи откако тие ги поставиле барикадите, а полицијата одговорила со солзавец.

Центарот на каталонскиот главен град бил исполнет со запалени канти за отпадоци и мебел. Замаскираната младина фрлала со камења и шишиња по полициските комбиња и уништила неколку од нив.

Обиени биле и просториите на шпанскиот весник „Ел периодико“, а телевизискиот медиум „ТВЕ“ прикажал и судири што се случиле во Валенсија.

Во средата, стотици лица се собрале на мадридскиот плоштад „Пуерта дел Сол“ барајќи ослободување на Хасел, а толпата повторно влегла во судир со полицијата фрлајќи шишиња кон полициските возила.

Полицијата уапсила 19 лица, а итните служби регистрирале 55 повредени, од кои 35 биле полициски службеници.

Во Барселона и уште три каталонски градови, демонстраторите фрлале со предмети по полицијата и поставувале барикади. Во сите градови имало уапсени демонстранти, а некаде, полицијата употребила и воздушно оружје.

Шефот на регионалната каталонска полиција, Пере Ферер, изјавил дека полицијата е соочена со длабоко комплексно сценарио поради високиот степен на граѓанска непослушност која вклучува и провалувања.

Полицијата отворила истражување откако млада жена го изгубила едното око во Барселона, при повреда од воздушно оружје кое полицијата го употребила за да ги растера демонстрациите.

Раперот Хасел, кој е познат поради неговита радикални левичарски размислувања, бил уапсен откако претходно одбил да се предаде на полицијата и да ја започне деветмесечната затворска казна поради твитови во кои го нарекува поранешниот крал Хуан Карлос I мафијашки дон, ја обвинува полицијата за малтретирање и убивање на демонстранти и имигранти, како и за величење на тероризмот.

Локалниот суд во градот Лерида го осудил раперот на друга затворска казна од две и пол години поради закана за убиство кон физичко лице.

Стотици уметници демонстрираа поради апсењето на Хасел, вклучувајќи ги режисерот Педро Алмодовар и актерот Хавиер Бардем. Од „Амнести Интернешнл“ велат дека затворање на раперот поради текстови и твитови е неправедно и диспропорционално, додека демонстрантите сметаат дека неговото осудување е тежок напад врз слободата на говорот.

Насилството беше критикувано од функционери во политичкиот спектрум, а социјалистичкиот заменик премиер, Кармен Калво, истакнал дека таквите дела не можат да се одбранат.

„Ниту едно право не може да биде одбрането ниту искомуницирано преку насилство. Тоа е црвената линија“, изјавил тој за локална телевизија.

Премиерот Педро Санчез, не ги објавил своите ставови за затворањето и протестите, што предизвикало раздор помеѓу неговите социјалисти и „Подемос“.

Извор: Guardian