Твитер експериментира со гласовните пораки

Твитер започна со воведување на гласовни директни пораки во Индија, Бразил и Јапонија. Индија е последната земја што ја доби оваа опција, додека во Бразил ја има од минатата година.

Луѓето кои имаат пристап до неа, можат да го снимаат својот глас во прозорецот за допишување, за да снимат порака во должина до 140 секунди. Функцијата е достапна за iOS и Android уреди, преку официјалната апликација на Твитер во земјите каде што е достапна.

Твитер Индија објави кратко видео во кое објаснува како функционира оваа опција.

Од компанијата се уште не соопштиле кога оваа опција би била достапна и во други држави, или пак, станува збор за краткотраен експеримент.

Засега, опцијата за гласовни директни пораки ја нудат Месинџер и Ватсап.