Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие се потврдени 358 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 173 случаи во Скопје, 41 во Прилеп, 22 во Куманово, 21 во Кавадарци, 13 во Тетово, 11 во Велес, по девет во Битола и Крива Паланка, осум во Охрид, седум во Неготино, шест во Крушево, пет во Штип и по четири случаи во Струмица и Гевгелија.
Потоа, по три случаи на Ковид-19 се регистрирани во Струга, Делчево и Валандово, по два во Гостивар, Кичево, Ресен, Радовиш и Пробиштип, по два во Гостивар, Кичево, Ресен и Радовиш и по еден случај на Ковид-19 е регистриран во Кочани, Свети Николе, Дебар, Демир Хисар, Кратово и Македонски Брод.
Од МЗ исто така соопштија дека од Ковид-19 починале пет пациенти, односно, тројца пациенти од Скопје на 91, 80 и 58 години, еден од Кавадарци на 73 години и еден од Прилеп на 62 години.
Регистрирани се 341 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 186, Кавадарци – 24, Куманово – 18, Тетово – 16, Прилеп – 14, Струмица – 11, Битола и Гевгелија – по 9, Гостивар, Велес, Дебар и Ресен – по 7, Кичево, Берово и Демир Капија – по 5, Радовиш – 3, Штип, Охрид, Кочани и по 1 од Свети Николе, Неготино, Пробиштип, Валандово и Крушево.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.456, бројката на оздравени пациенти е 88.301, на починати е 3.003, а бројот на активни случаи изнесува 6.152“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 489.991 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.275 тестови.