Младинскиот образовен форум, во соработка со Институтот за комуникациски студии како дел од кампањата „Разбистри сѐ“, организираат онлајн предавање на темата: „Природен тек или човеково влијание: Како да се спаси Преспанско Езеро?“.
Онлајн предавањето ќе се одржи во четврток (18.2.) во 18:30 часот на Зум (https://
На него ќе зборува експертот Драган Арсовски од Македонското еколошко друштво, кој ќе се осврне на историјата на Преспанско Езеро, неговата состојба низ вековите и промената во водостојот предизвикана од различни влијанија.
Воедно, ќе се дискутира и за тоа како граѓаните може да придонесат во заштитата и зачувувањето на природните ресурси, но да влијаат врз одговорните институции.