Министерството за здравство (МЗ) информира дека во последните 24 часа се регистрирани 357 нови случаи на Ковид-19, при направени 3.121 тестирања. Починале 5 лица, а оздравени се 122 пациенти.
Новозаболените се регистрирани во: Скопје – 140, Кавадарци – 35, Прилеп – 32, Велес – 23, Охрид – 19, Куманово – 14, Тетово – 11, Неготино – 10, Гостивар – 7, Битола и Струга –по 6, Штип, Гевгелија, Берово и Богданци – по 5, Ресен, Делчево и Крушево – по 4, Струмица, Валандово и Кратово – по 3, Кочани, Крива Паланка, Радовиш и Пробиштип – по 2, Кичево, Свети Николе, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.
Од вкупно 5 починати, два пациенти биле од Струга (71г и 67г), а по еден смртен случај има во Штип (75г), Гостивар (71г) и Скопје (76г). Сите пациенти починале во болнички услови, информираат од министерството.
Со ова, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 96.872, бројката на оздравени пациенти е 87.446, на починати е 2.976, а бројот на активни случаи изнесува 6.450.
Во однос на тестирањето, досега во земјата се направени вкупно 485.147 тестови на Ковид-19.