„Направи добро дело“ – Сојузот на извидници ги повикува граѓаните да се вклучат во крводарителска акција

Под мотото „Направи добро дело“, Сојузот на извидници на Македонија во соработка со Црвениот крст, организира крводарителска акција.

Тие ги покануваат сите граѓани кои сакаат да даруваат крв и да направат добро дело да дојдат во просториите на домот на хуманитарнии организации „Даре Џамбаз” на 22 февруари во периодот од 12:00 до 18:00 часот.

„Задолжително е носење на маска (или друга заштитна опрема) и документ за лична идентификација, како и придржување кон актуелните протоколи кои се однесуваат на Ковид-19 пандемијата. Овој настан е наменет за оние кои имаат 18 или повеќе години. Доколку некој има 17 години и 6 месеци, а сака да дарува крв може да го направи тоа само со писмена согласност од родител или старател“, напоменуваат од Сојузот.

Настанот се организира во склоп на низа активности по повод 22 февруари – Ден на извидништвото.