Петмина починати и 367 новозаразени со Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека од Ковид-19 во изминатото деноноќие починале пет лица, односно, двајца пациенти од Скопје на 91 и 83 години и по еден смртен случај од Гостивар на 77 години, од Крива Паланка на 40 години и од Демир Хисар на 65 години.

Од МЗ соопштија дека во изминатите 24 часа се потврдени 367 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 167 случаи во Скопје, 37 во Прилеп, 33 во Кавадарци, 17 во Охрид, 15 во Велес, по 14 во Куманово и Тетово, по 12 во Гостивар и Неготино и по седум случаи на Ковод-19 во Штип и Гевгелија.

Потоа, шест случаи на Ковид-19 се регистрирани во Битола, по четири во Струга и Кратово, по три во Струмица и Ресен, по два во Кочани, Делчево, Пробиштип и Крушево и по еден случај на Ковид-19 е регистриран во Кичево, Крива Паланка, Берово и Валандово.

Регистрирани се 202 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 105, Куманово – 18, Кавадарци – 14, Тетово – 11, Штип – 8, Неготино – 7, Гевгелија -6, Велес и Кочани – по 5, Гостивар, Крива Паланка и Демир Капија – по 4, Струмица и Ресен – по 3, Кичево и од Демир Хисар – 1.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 96.518, бројката на оздравени пациенти е 87.324, на починати е 2.971, а бројот на активни случаи изнесува 6.223“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 482.026 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.596 тестови.