Повик за негуватели на стари лица во Карпош

Објавен е јавниот конкурс за избор на негуватели за помош и нега на стари лица и граѓани со попреченост во Карпош. Станува збор за проектот на Општина Карпош и Црвен крст на Град Скопје, кој се однесува на помош и поддршка на изнемоштени лица во нивните домови.

Негувателите на дневно ниво ќе работат со старите лица и лицата со попреченост. Тие ќе им бидат психосоцијална поддршка, ќе им набавуваат потребни намирници и ќе вршат други неопходни работи.

„Предност за вработување се дава на лицата кои живеат во Општина Карпош, лица кои ја изгубиле работата во текот на пандемијата, се невработени или се лица од ранлива категорија на граѓани, информираат од Општината.

Потребни информации за учество има на следниот линк: https://bit.ly/3qeOEsY или преку skopje.negacentar@redcross.org.mk и тел: 070 – 352 – 246.

Проектот е финансиран од Министерството за труд и социјална политика и Светска банка.