СЗО: Не е веројатно дека коронавирусот се проширил од лабораторија во Вухан

Исклучително е неверојатно коронавирусот да се проширил по инцидент во лабораторија во Вухан, Кина, заклучи Светската здравствена организација (СЗО), јавува „Индипендент“.

Од СЗО соопштија дека тековната истрага за потеклото на Сарс-КоВ2, вирусот кој предизвикува Ковид-19, открила нови информации, но дека не ја променило драматично сликата за избувнувањето на Ковид-19 во градот Вухан.

„Наодите сугерираат дека хипотезата за лабораториски инцидент е исклучително неверојатна за да се објасни пренесувањето на вирусот на луѓето“, рече д-р Питер Бен Ембарек, водач на тимот на експерти од СЗО кои се во Кина.

Претходно се тврдеше дека научници од Институтот за вирусологија во Вухан експериментирале со вирус кој е генетски сличен со Сарс-КоВ2, пред да избувне епидемијата во Вухан.

Тимот на СЗО направи серија препораки за идните истражувања за да се испита потеклото на вирусот.

Доказите покажуваат дека тој се појавил природно кај лилјаците или панголините, рече д-р Ембарек, кој додаде дека тој наjверојатно бил пренесен на луѓето преку одредено животно, за кое досега не се знае.

Тимот предводен од Светската здравствена организација (СЗО) од крајот на јануари почна да го истражува потеклото на епидемијата на Ковид-19 во Вухан.