22 нови смртни случаи и 75 новозаразени од ковид-19 – најмладото починато лице има 27 години

Министерството за здравство пладнево информираше дека во последното деноноќие од ковид-19 починати се 22 лица, односно 10 пациенти од Скопје. Починат е пациент за 32 години, пациент на 64 годишна возраст, две лица на 65 години, едно лице на 67 годишна возраст, еден пациент на 71 години, едно лице на 73 години, едно лице на 79 години, и две лица над 80 годишна возраст.

Два смртни случаи се регистрирани во Тетово, две лица на 68 и 70 години, а други два смртни случаи има пријавено и во Прилеп, две лица на 66 и 85 години. По еден смртен случај е регистрирано во Радовиш – лице на 85 години, Кавадарци – лице на 63 години, едно лице во Гостивар на 82 години, потоа еден смртен случај е регистиран во Демир Капија – лице на 27 годишна возраст, во Струмица – лице на 65 годишна возраст.

По еден смртен случај има регистирано и во Охрид- на 68 годишна возраст, во Струга – лице на 71 година и во Куманово – лице од 65 години. Од МЗ истакнуваат дека деветнаесет пациенти се починати во болнички услови, а еден пациент е починат во домашни услови.

Оттаму соопштуваат дека во последните 24 часа, согласно податоците од ИЈЗ дека регистирани се 75 нови случаи од ковид-19 и тоа 45 во Скопје, 11 во Кавадарци, осум нови случаи во Прилеп и три во Струга.

Во Тетово и Велес се регистрирани два нови случаи од ковид-19, додека во Кочани и Куманово по еден.

Во последните 24 часа се направени 726 тестирања,

Регистрирани се 1440 оздравени пациенти од ковид-19 и тоа 798 во Скопје, 76 во Кавадарци, 71 во Струмица, 67 во Тетово, 56 во Куманово, 47 оздравени случаи се регистрирани во Гостивар, 36 во Велес, 27 во Неготино, 26 во Битола, 25 во Делчево по 22 оздравени се регистрирани во Охрид и Гевгелија, додека во Кичево и Ресен се регистрирани 18 оздравени случаи.

Кочани регистрирал 15 оздравени случаи, Штип 14, Струга 12, а Свети Николе 10. Во Богданци и Македонска Каменица се регистрирани девет оздравени случаи, во Дебар и Радовиш по шест. Пет оздравени се регистрани во Демир Капија, четири во Крива Паланка, два во Виница, Валандово и Дојран и по еден во Демир Хисар, Македонски Брод и Крушево.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 94.871, бројката на оздравени пациенти е 85.439, на починати е 2.946, а бројот на активни случаи изнесува 6.486“, се вели во соопштението на МЗ.

Во последните 24 часа се направени 726 тестирања, а досега во земјата се направени вкупно 471.417 тестирања на Ковид-19.