Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство (МЗ) информираше дека во последното деноноќие се регистрирани 404 нови случаи од ковид-19 и тоа 180 во Скопје, 32 во Охрид, 19 во Кавадарци, 16 случаи Куманово, 15 новорегистрирани во Битола, Струмица и Струга, по 11 во Прилеп и 10 во Тетово.
9 новорегистрирани случаи има во Велес, 8 во Штип, по 7 во Дебар и Ресен, 6 во Гевгелија и Делчево, 5 во Гостивар, по 4 случаи во Кичево, Неготино, Крива Паланка, Радовиш, Берово, Пробиштип и Валандово, 2 во Крушево и по еден нов случај во Свети Николе, Демир Хисар , Македонски Брод , Кратово, Македонска Каменица и Дојран.
Од Министерството за здравство соопштуваат дека пријавени се вкупно осум починати лица. Починати се 2 пациенти од Скопје(53, 60г), по еден смртен случај е регистриран од Штип (70г), Струга (88г), Струмица (55г), Дебар (67г), Радовиш(79г) и Берово (83г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Регистрирани се 101 оздравени пациенти.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 94.599, бројката на оздравени пациенти е 83.735, на починати е 2.916, а бројот на активни случаи изнесува 7.948“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.
Во последните 24 часа се направени 2727 тестирања, а досега во земјата се направени вкупно 468.845 тестирања на Ковид-19.