Тинејџер од Кенија преживеал лет од Лондон до Мастрихт откако се прилепил на опремата за слетување на авионот и се соочил со температура под нулата и недостаток на кислород.
16-годишното момче било пронајдено откако товарниот авион слетал во Мастрихт.
Се смета дека момчето кое скришум се возело на леталото, преживеало уште еден подолг лет – од Најроби до Лондон, со пауза во Истанбул.
„Имал огромна среќа што преживеал. Патниците кои се обидуваат да се прошверцуваат се многу ретки и за жал многу често не го преживуваат патувањето“, изјавил портпарол на аеродромот во Мастрихт. Тој дополнил дека момчето го поминало целиот лет стуткано кај опремата за слетување, место на кое температурата може да падне и до -30 Целсиусови степени.
Тинејџерот моментално се наоѓа во болница. Освен хипотермија, неговата здравствена слика е добра.
Холандската полиција се обидува да ја открие рутата на момчето и ќе истражува можна трговија со луѓе. Ова е не е првиот пат таен патник да преживее невозможен авионски лет.
Темба Кабека од Јужна Африка, поминал шест месеци во болница откако скриен во авион, патувал од Јоханесбург до Лондон во 2015 година.
Извор: Independent