Министерството за здравство (МЗ) попладнево информираше дека од Ковид-19 во изминатото деноноќие починале осум лица, односно, двајца пациенти од Куманово на 73 и 81 година, двајца од Охрид на 55 и 85 години и по еден од Скопје на 80 години, еден од Велес на 54 години, еден од Струмица на 80 години и еден од Берово на 84 години.
Од МЗ исто така информираа дека во последните 24 часа, потврдени се 314 случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 179 случаи во Скопје, 17 во Кавадарци, 16 во Прилеп, 12 во Велес, 11 во Охрид, десет во Тетово, седум во Битола, шест во Делчево и по пет случаи во Гевгелија и Неготино, по четири во Куманово, Гостивар, Струмица, Струга, Радовиш, Демир Хисар и Демир Капија.
Потоа, регистрирани се по три случаи на Ковид-19 во Кичево и Крушево, по два во Штип, Свети Николе и Крива Паланка и по еден случај на Ковид-19 е регистриран во Ресен, Пробиштип, Виница, Валандово, Кратово и Дојран.
Регистрирани се 210 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 108, Кавадарци – 28, Кичево – 8, Куманово – 7, Прилеп, Велес и Неготино – по 6, Тетово и Струмица – по 5, Штип и Крива Паланка – по 4, Битола, Гевгелија и Ресен – по 3, Гостивар, Виница, Кратово и Пехчево – по 2 и по 1 од Охрид, Радовиш, Демир Капија, Свети Николе, Пробиштип и Кочани.
„Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 94.196, бројката на оздравени пациенти е 83.634, на починати е 2.908, а бројот на активни случаи изнесува 7.654“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 466.118 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие е направени 2.161 тест.