Се зголемуваат студентските протести во Турција, младите луѓе се спротиставија на Ердоган

Протестите во Турција се зголемуваат во посетеност, откако престижен турски универзитет за ректор избра функционер посочен од државата. Ваквата одлука предизвика гнев кај турската младина, па младите се кренаа на бунт против владата на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Демонстрациите на младината и универзитетските вработени започнаa минатиот месец поради препуштање на фунцијата ректор на Мели Булу, бизнисмен кој бил пратенички кандидат од партијата на претседателот во 2015 година. Булу бил ставен на функцијата ректор на Универзитетот „Богазиџи“, една од најрелевантните високообразовни институции во Турција

Ваквата одлука била отфрлена како недемократска од страна на вработените во универзитетот, а во јавноста била интерпретирана како владин обид да се инфилтрира во една од последните левичарски институции – Булу е првиот ректор кој е избран надвор од универзитетските рамки од државниот удар во 1980 година.

Најмалку 250 лица во Истанбул и 69 во Анкара биле уапсени неделава. Поголемиот дел од нив се студенти кои биле уапсени во судири со полицијата во еден од најголемите граѓански немири во Турција по движењето „Гези“ во 2013 година.

Ердоган изјавил дека нема да дозволи универзитетските протести да излезат надвор од контрола, обвинувајќи ги протестантите за „терористи“, и „ЛГБТИ+ младина“ која работи против националните и духовни вредности на Турција.

„Многу сме лути. Не се лути само студентите, лута е младината низ цела Турција. Државата не нападна со насилна полиција. Не валкаат со разни етикети, а ние само сакаме да посочиме на неправилно управување со универзитетот. Во Турција има економска криза и тие знаат дека ќе изгубат гласови, па сакаат да не поделат на различни страни“, изјавил Берен Евличе, апсолвент по политички науки.

Критичарите велат дека монополот на моќ на Ердоган и неговите недемократски потфати се зголемиле по пропаднатиот државен удар во 2016 година, по што претседателот си земал за право директно да ги избира универзитетските ректори. Во последните пет години, затворени биле дузина универзитети на територијата на Турција.

Постарата генерација го поддржува Ердоган поради градењето на патишта, болници и зголемувањето на животниите стандарди за работничката класа, но помладата генерација ја отфрла ердогановата визија за иднината на Турција поради високата стапка на невработеност.

Лицата родени во средина на 90те и раните 2000, изнесуваат 39 отсто од турската популација, па во наредните избори ќе има регистрирано 5 милиони нови гласачи, што можат да претставуваат голема промена за политичката иднина.

„Младинската невработеност во Турција изнесува 29 отсто и нашите последни истражувања покажуваат дека дури 38 отсто од дипломците се невработени, што сугерира дека стапката на невработеност ќе продолжи да расте“, изјавил Чан Селчуки, генералниот менаџер на Институтот за економски истражувања во Истанбул.

Извор: Guardian