Безос, кој ја основаше компанијата во 1994 година, ќе отстапи од позицијата откако во последните месеци од 2020 „Амазон“ оствари заработка од над 100 милијарди долари.
Безос ќе остане во извршниот одмор на компанијата, а својата позиција ќе му ја предаде на Едни Џези, кој беше извршен директор на веб сервисите на „Амазон“.
Неочекуваната вест беше објавена откако „Амазон“ ги објави своите најнови финансиски резултати. Само неколку компании остварија слична заработка како „Амазон“ за време на пандемијата, а во последните три месеци од 2020 година, „Амазон“ за првпат остварила заработка од над 100 милијарди долари.
57 годишниот Безос ја основал компанијата „Амазон“ во 1994 година, а оттогаш компанијата стана една од најголемите во светот, остварувајќи заработка од над 185 милијарди долари. „Амазон“ започна како онлајн платформа за продажба на книги, а сега е доминантна и во продажбата на софтвери, намирници, електроника и игри. Во „Амазон“ се вработени над 1.1 милион лица.
„Компанијата се претвори во тоа што е денес поради инвентивноста. Ако правите сè како што треба, неколку години по изненадувачко добра креација, таа ќе стане дел од секојдневието. На луѓето ќе им се здосади. А досадата е најголем комплимент за еден креатори. Ако ги погледнете нашите финансиски достигнувања, ќе видите долгорочни резултати на инвентивноста“, изјавил Безос.
Во последните години, Безос се оттргна од секојдневното раководење на „Амазон“ и се посвети на други интереси како вселенското истражување и сопствеништето на медиумот „Вашингтон пост“. Но неговото отстапување од функцијата беше неочекувано.
52 годишниот Џези раководеше со веб сервисите на „Амазон“, кои се грижат за софтверите на влади и компании како „МекДоналдс“ и „Нетфликс“. Ова стана еден од најважните бизниси на „Амазон“ чиј профит изнесува 10 отсто од продажбата во последниот квартал и 52 отсто од профитот на компанијата.
Менувањето на лидерската позиција се случува во време на транзиција за „Амазон“. Додека профитите продолжуваат да се зголемуваат, компанијата се соочува со притисок од вработените кои се жалат за лош третман за време на пандемијата, но и со политички критики поради големината и моќта на компанијата.
Минатата година, американскот Конгрес го критикуваше Безос и останати ИТ директори поради масивноста на нивните бизниси.
„Овие компании се монопол. Некои од нив треба да се поделат по сектори, а некои треба да бидат регулирани и од нив да се бара одговорност. Ова мора да престане“, изјавил Дејвид Сицилин, претседател на комитетот за монопол во Претставничкиот дом.
Тим Хабард, асистент професор по менаџмент на бизнис колеџот „Мендоза“ изјавил дека препуштањето на функцијата на Енди Џези е природен тек на настаните.
„Веб сервисите на „Амазон“ се најмоќниот елемент во компанијата, кои носат голем профит. Ова отстапување на Безос значи дека тој ќе се посвети на други идеи кои ги акумулирал со тек на годините“, изјавил професорот.
Извор: Guardian