Александрија Окасио Кортез сподели дека е жртва на сексуално насилство

Демократската конгресменка Александрија Окасио Кортез се обрати во видео во кое зборува за упадот во американскиот Капитол и за нејзиното искуство дополнително обременето од преживувањето на сексуално насилство.

Таа во своето видео раскажува како се криела од лицата кои упаднаа во американскиот Капитол на 6 јануари, во тоалетот во нејзината канцеларија додека слушала како тие кои упаднале тропаат за ѕидовите, викајќи „Каде е таа? Каде е таа?“. Окасио преку својот инстаграм профил, го сподели искуството со над 150,000 лица.

„Мислев дека ќе умрам. Се’ ми се вртеше низ глава“, нагласува таа.

Во видеото, Окасио Кортез ја истакнува својата фрустрација откако и било кажано „да продолжи понатаму“ по нападот, исто како што им се вели на жртвите на сексуално насилство.

„Луѓето ви велат да продолжите, како тоа да не е голема работа, дека треба да заборавиме на она што се случило, па дури и да се извиниме – ова се истите тактики на злоставувачите“, вели Кортез.

Таа објави и дека преживеала сексуално насилство.

„Не им имам кажано на многу луѓе за тоа. Но, кога поминуваме низ траума, траумата е секогаш тука“, вели таа.

Извор: Guardian