Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале 11 лица, односно, шест од Скопје на 83, 82, 83, 81, 73 и 67 години, двајца од Гостивар на 60 и 61 година и по еден од Охрид на 83 години, од Струмица на 75 години и од Тетово на 77 години.
Од МЗ исто така соопштија дека во последните 24 часа е потврден 61 нов случај на Ковид-19. Регистрирани се 35 случаи во Скопје, седум во Кавадарци, по три во Тетово, Прилеп и Штип, по два во Охрид, Струга и Кочани и по еден случај е регистриран во Куманово, Гостивар, Велес и Крива Паланка.
Регистрирани се 440 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 266, Кавадарци – 26, Куманово – 23, Битола – 18, Прилеп – 17, Тетово – 13, Струмица – 12, Штип – 10, Кочани -9, Велес – 7, Гостивар – 6, Крива Паланка – 5 , Берово – 5 , Пробиштип – 5, Кичево – 3, Гевгелија – 2 , Неготино – 2 , Ресен – 2 ,Виница – 2 , Богданци – 2 , Охрид – 1 , Свети Николе -1 , Радовиш – 1 , Демир Хисар -1 и од Пехчево – 1.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 92.753, бројката на оздравени пациенти е 82.121, на починати е 2.866, а бројот на активни случаи изнесува 7.766“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 457.019 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие направени се 678 тестови.