Полски град веќе не е дел од „ЛГБТИ+ слободната зона“

Нова Деба е првиот полски град кој ја повлече одлуката да стане „ЛГБТИ+ слободна зона“ откако претходно 100 други полски општини изнесоа такви решенија, кои пак побудија интернационални критики.

Советниците во Нова Деба, град со 11,000 жители кој се наоѓа во југоистокот на Полска, донесоа одлука базирана врз религиозни и конзервативни интерпретации на традиционалниот семеен живот, со што градот реши да се бори против „агресивната, лажната и штетната ЛГБТИ пропаганда“.

Минатата недела, 10 од 15 советници изгласаа во корист на повлекување на одлуката. При гласањето, имало и еден воздржан, но и четворица кои не гласале.

Дамиен Диектиаренко, кој го поднел барањето за повлекување на одлуката, истакнал дека намерите на советот биле погрешно протолкувани.

„Не можеме да доволиме никој да ја извалка сликата за оваа комуна преку употреба на декларацијата“, изјавил тој.

Ирскиот град Фермој истакна дека го прекинува сестринството со Нова Деба поради одлуката.

„Мораме да ги поддржиме овие луѓе. Не можеш да го направиш ова во 2020 година, да бидеш забележан и тоа да помине така“, изјавил Ноел Мекарти, дел од градскиот комитет за сестринство.

Сестрински градови од Франција и Холандија исто така ги прекинаа врските со своите посестрените полски градови како знак на протест против одлуката.

Околу 100 општини и региони во Полска, кои во најголем дел се наоѓаат во југоистокот на Полска воведоа декларации против „ЛГБТИ+ пропагандата“.

Извор: Independent